НАТО ЌЕ НИ ГО МЕНУВА ИМЕТО НА СИЛА: Оние кои не сакаат промена на името за членство во НАТО не сакале евроатлантски интеграции!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нано Ружин и Јован Донев дебатираа, поточно професорот Донев се обиде да дебатира со лицето Ружин,  во отвореното студио на ТВ Нова околу случувањата во надворешната политика на Македонија, по преземањето на власта на СДС. Ружин со очигледно скршена кичма и поданичко однесување потврди дека прашањето за името ќе се реши „на сила“ бидејќи Грција била посилен противник од Македонија и дека Македонија мора да влезе во НАТО и ЕУ по секоја цена

„Секогаш владее силата во меѓународните односи. Името ќе се реши на сила. А што, вие сакате да влеземе? Сте расположени да влеземе во НАТО и ЕУ или не сте?“, ги праша тој соговорниците констатирајќи дека Македонија мора да влезе во НАТО по секоја цена.

„Вака комунистите во 48-ма година прашуваа, дали сте за Сталин или сте за Тито“, го искоментира ова професорот Јован Донев.

Она што остана недообјаснето од страна на Ружин е дали тоа значи дека, во случај Македонија да не прифати промена на името, тогаш државата повторно ќе западне во криза налик на онаа во 2001-та, по која следуваа низа на отстапки на владата на СДС која ја наследи пост-конфликтот, која пак прифати територијална реорганизација и Охридски рамковен договор?

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This