НАЈАВА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА 5Г ТЕХНОЛОГИЈА: Министерството започнало со активности за воведување на 5г технологија за мобилен интернет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, денеска се обратија на јавната расправа за мерките и активностите потребни за воведување на 5Г технологија во Македонија.

Министерот Манчевски се осврна на придобивките од воведување на 5Г, и неопходноста од вклучување на сите засегнати страни при креирање на политиките за обезбедување на условите.

„Ако зборуваме за дигитализацијата како за четврта револуција, за 5Г мрежата се смета дека ќе го смени начинот на кој ќе функционира општеството, многу повеќе од начинот на кој влијаела појавата на електричната енергија. 5Г технологијата не само што ќе обезбеди побрз пренос на податоци, туку ќе донесе нови функционалности и апликации со висока општествена и економска вредност. Од особена важност е да се истакне дека 5Г технологијата може да биде инструмент за трансформација, односно дигитализација на традиционалните индустрии“, посочи министерот Манчевски.

Како што истакна тој, МИОА уште на почеток на 2018 година формираше работна група за утврдување мерки неопходни за воведување на 5Г, во која учествуваат претставници од јавниот сектор, регулаторни тела, индустријата, операторите, универзитетите итн. Нивните предлози, анализи, коментари се поставувани на порталот на МИОА за секој да може да се вклучи во дебатата.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, зборуваше за инфраструктурниот аспект за воведување на 5Г технологија.

„Министерството за транспорт и врски изготвува Нацрт Закон за просторно и урбанистичко планирање, закон кој точно ќе ги утврди постапките за изработка на урбанистичките планови за подрачја и објекти од државно значење. Од аспект на инфраструктурата ова е прв чекор во олеснување на постапките и процедурите за воведување на 5Г технологијата. Во однос на прашањата поврзани со изградба на инфраструктурата, сакам да спомнам дека во фаза се измени на Законот за градење кој дополнително ќе ги олесни постапките за изградба на базните станици. Ова конкретно се однесува на забрзување и олеснување на постапките за издавање на Одобренијата за градење“, информираше министерот Сугарески.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This