НАЈАВА ЗА НОВ ОБИД ЗА ДРЖАВЕН УДАР ВО СОБРАНИЕ: Манчевски најави дека имале план за пуч, Ивчева бара предлага референдум за избори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжува играта на инает која ја игра СДСМ, наспроти целокупната Македонска јавност која секојдневно се противи на т.н. „тиранска платформа“ прифатена од Зоран Заев и СДСМ со цел формирање на нелегитимна, анти-државна Влада и Собрание

Sobranie-na-RM-02-Custom

Според последната најава на потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски за „Дојче Веле“, неговата и партиите од албанскиот блок кои го условија Заев со прифаќање на платформата за да му ги доделат потписите за поддршка, имале план за „избор на претседател на Собранието“.

Како што вели Манчевски, тие имале: „Стратегијата е дека мнозинството во Собранието многу брзо ќе ја преземе одговорноста и за парламентот и за состојбите во државата, во согласност со основните принципи на демократијата. Тајмингот ќе го зачуваме за себе, со цел да избегнеме шанса за каков било конфликт помеѓу граѓаните.“ – вели Манчевски за „Дојче Веле“

Овие најави на Манчевски ги потврди и пратеникот Енес Ибрахими од Партијата за движење на Турците, коалиционен партнер на СДСМ.

Најавениот потег, кој без сомнеж ќе предизвика ескалација на тензиите и судир, го оправдува и Мухамед Халили екс-амбасадор на Македонија, според кој актот на заштита на Уставот од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов бил „безумен“, иако и самиот Халили е свесен дека тоа е основна обврска на претседателот.

Предлогот за нови избори пак, од старт се отфрлени од страна на СДСМ, а ставот на партијата го потенцира потпретседателот Дамјан Манчевски според кој изборите не биле решение бидејќи постоела хипотетичка претпоставка дека ВМРО-ДПМНЕ можеби ќе освоело ист или помал број на пратеници, а Иванов и во тој случај би избрал да не им го додели мандатот. Ваквата претпоставка сепак се коси со секоја логика.

„За да може да се распишат нови избори треба да се избере претседател на Собранието. Ние не веруваме дека во Македонија нови избори ќе донесат решение на оваа криза. Што доколку се повторат резултатите – истите луѓе, истите бројки, истите партии повторно во оваа ситуација, но само неколку месеци подоцна, неколку милиони евра повеќе и многу дополнителни проблеми на граѓаните. Не е во тоа решението. И уште една хипотетичка претпоставка: што ако и по следните избори на кои ВМРО-ДПМНЕ можеби ќе има и помалку пратеници, едноставно Иванов реши повторно да не го дава мандатот?“ – вели Манчевски.

Според политологот и екс-помошник министер за внатрешни работи Наталија Ивчева, ваквиот став на Манчевски е едноставен израз на страв од евентуални нови избори, знаејќи Nata-TVNOVAдека рејтингот на СДСМ вртоглаво паѓа по прифаќањето на тиранската платформа.
„Нови избори се единствено решение. Не претпоставка или предлог. Самиот факт дека тиранската платформа беше презентирана пред Македонската јавност по изборите, а со самото тоа граѓаните се немаат изјаснето во врска со истата, доведува до заклучокот дека само нови избори ќе дадат јасна слика за потребите и желбите на граѓаните. Ако СДСМ со прифатена платформа победи, тогаш ќе имаат легитимитет. Ако не, тогаш ќе си останат во опозиција како во последните 11 години. Евентуално друго решение, во отсуство на волја кај СДСМ за распишување на нови избори, би било преку граѓанска иницијатива да се соберат 150.000 потписи за распишување на референдум на државно ниво, на кој ќе се гласа „За“ или „Против“ нови избори.“ – вели Ивчева.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This