НАЈАВЕНИ НОВИ ПРОТЕСТИ ВЕЧЕРВА: Ѓорчепетровци вечерва повторно на протест – бараат одговорност од градоначалникот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жителите на Ѓорче Петров за денеска во 18 часот најавија нови протести поради вчерашниот инцидент во кој автомобил удри десетгодишно дете. Според информациите, момчето имало внатрешно крвавење, напукнат череп и исчанчување на едното рамо.

Очевидци за медиумите изјавија дека во возилото имало маж и жена, кои веднаш по ударот, момчето го однеле на Ургентниот центар.

Непосредно по несреќата, стотина граѓани излегоа на протести пред Основното училиште „Мирче Ацев“. Тие велат дека повеќепати барале да бидат поставени светлосна сигнализација и легнати полицајци, но наишле на отпор од надлежните. Жителите се заканија дека ако се случи уште еден ваков инцидент, ќе го запалат цело Ѓорче.

Момчето ја минувало улицата на пешачки премин, а возилото се движело во споритвна насока за да ги избегне дупките на патот.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This