“Најбараните” команданти на ИСИС заробени во прекугранична операција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ирак зароби петмина команданти на Исламската држава откако нејзините разузнавачки служби ги намамиле да ја преминат границата со соседна Сирија, објави ирачката државна телевизија.

Ирачката државна телевизија ги опиша петте како “едни од најбараните” лидери на ИСИС. Тие беа именувани како Садам ал-Џамел, Мохамед ал-Кадер, Исмаил ал-Еитави, Омар ал-Карбули и Есам ал-Завалја и беа прикажани во жолти затворски униформи.

“Њујорк тајмс” објави дека групата била фатена како дел од операцијата спроведена во координација со американската разузнавачка служба

Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади минатиот месец рече дека ќе ги “преземе сите неопходни мерки” против милитантите базирани во Сирија. Ирачките воздухопловни сили извршија неколку воздушни напади минатата година против позициите на ИСИС на територијата на Сирија.

Абади ја прогласи конечната победа минатиот декември против ИСИС, која зазеде една третина од Ирак во 2014 година. Но, милитантите и понатаму претставуваат закана на границата со Сирија и продолжуваат да вршат заседи, убиства и бомбашки напади низ Ирак.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This