НАЈВИСОКИ ДРЖАВНИ ФУНКЦИОНЕРИ СПРЕМААТ КРИЗА: Високи функционери од Македонската влада заедно со Албански структури спремаат судир со Србија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српските разузнавачки служби добиле информација дека постои опасност од предизвикување на напнатост помеѓу Србија и Македонија, во кој би биле вклучени и Албанци. Освен нив, во тоа сценарио е вклучен и дел од власта во Македонија, дознаваат „Вечерње новости“

Планот е, според сознанијата на „Новости“, добро вооружени групи на Албанци да се вметнат во граничната зона помеѓу Србија и Македонија. Наводно, тие би требало да бидат облечени во униформи на српски воени или полициски единици.

Нивната задача би била на непристапните делови на територијата, да ја преминат македонската граница и да направат извидување на територијата, наведува белградскиот весник, повикувајќи се на сознанија од оперативци на терен.

Тие оперативци наведуваат дека понатамошниот план е овие хушкачи во српски униформи да бидат снимени, што веднаш би предизвикало тензии во кои Србија би била обвинета за кршење на територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија бидејќи тоа би се протолкувало дека Србија сака да организира вооружена побуна во Македонија. Понатаму, планот е официјален Белград да се обвини дека има претензии на територијата на соседната држава и дека сака да ја отцепи територијата на Македонија.

Другиот дел од планот би требало да се одигра преку монтирана шпионска афера, а која би започнала со „спектакуларни апсења“ на измислена мрежа на српски агенти во Македонија. Тоа би подразбирало да се уапсат бивши припадници на ДБ и БИА, кои се пензионирани, а кои живеат во Македонија и се воглавно со послаб имотен статус.

Целта е стварање на конфузија и тензија која на крајот ќе се прелие во Косово, тврди добро информиран извор за „Новости“. Меѓу овие сознанија, оперативците на терен имаат и информации за вмешаност и на највисоки државни функционери на Македонија, наведува весникот.

Ова сценарио фрла сенка на неодамнешните изјави на Зоран Заев со кој изјави дека во разговор со претседателот на Србија Александар Вучуќ се решени сите несогласувања помеѓу двете земји.

Меѓутоа, безбедносните информации укажуваат дека сето тоа е само привид на нормализација на односите бидејќи властите во Скопје имаат интерес да отворат нов пакет на обвиненија на сметка на Србија – пренесува Спутник.

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This