Најголемиот тепих од свежи лалиња во светот изложен во Истанбул

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во рамките на тринаесеттиот по ред Фестивал на лалето кој секоја година во месецот април се одржува во Истанбул, на плоштадот Султанахмет, во историскиот дел на метрополата во кој се наоѓаат познатите историски знаменитости како Аја Софија и Сината џамија, Општината на градот го изложи најголемиот тепих од свежи лалиња во светот.

Тепихот има површина од 734 метри квадратни и е сочинет од 565 илјади разнобојни лалиња, целосно од домашно производство, и го красат мотиви од турското традиционално килимарство.  Бројката 565 ја симболизира годишнината од освојувањето на Истанбул од страна на Османлиите.

Актуелната влада на Турција последните години посветува особено внимание на ревитализација на лалето како значаен елемент во турско-исламската материјална и духовна култура и традиција, особено поради фактот што Турција е татковина на лалето според кое е именуван и цел еден период од османлиската историја од првата половина на 18 век, познат како Ера на лалето. Во склад со тој тренд годинава во Истанбул се засадени 30 милиони лалиња од 125 вида.

Градоначалникот на Истанбул, Мевлут Ујсал, истакна дека Истанбул е татковина на лалето и дека тој во 18 век со своите 1.588 видови лалиња бил споменуван како „рај на лалето“. „Фестивалот кој го започнавме во 2005 г. со мотото ‘Лалето се враќа дома’ денес веќе го следи целиот свет“, рече тој. Гувернерот на градот, Васип Шахин, по овој повод истакна дека Турците може само да се задоволни што лалето е распространето низ целиот свет, но исто така тие имаат право повторно да го заживеат лалето во неговата татковина и да покажат дека тоа од неа се распространило во светот.

Тепихот од лалиња привлекува голем број домашни и странски туристи во Истанбул и ќе биде изложен до 30 април до кога ќе трае и самиот Фестивал на лалето.

Како било пренесено лалето во Холандија

Иако постојат различни мислења за тоа како и кога точно лалето било донесено во Европа, познат е податокот дека откривањето на лалето од страна на Европа се случило во втората половина на 16 век. Познато е дека тој што го однел лалето во Европа бил Огиер Гиселин де Бусбек (1522-1592), амбасадорот на Австро-унгарската империја во Истанбул од времето на Сулејман Величествениот, кој меѓу други растенија однел и повеќе главици лалиња во Европа.

Единствено не е познато дали лалињата му биле дадени на подарок или тој самиот ги земал од љубопитство. Бусбек бил седум години на должност во османлиската престолнина и во тој период го напишал делото „Турски писма“, еден од првите видови на жанрот патописни писма, кое и денес се смета за едно од најзначајните извори за животот на Истанбул од тој период. Освен тоа што бил амбасадор, Бусбек голем дел од своето време во Турција посветил и на истражување на нејзината флора, па така и лалето го привлекло неговото внимание. Главиците на растението ги дал на еден свој пријател ботаничар, кој подоцна ги претставил на Холанѓаните. Со време лалето привлекло големо внимание во Холандија и главиците на лалето еден период се продавале по астрономски цени. Лалето кое во 16 век од османлиската држава било пренесено во Европа, веќе во 18 век Османлиите почнуваат да го увезуваат од Холандија.
Поштенска кола со лалиња го напушта Истанбул 1960 г.

Во име на прославата на 400-годишнината од пренесувањето на лалето во Холандија, во 1959 г. Турција и Холандија приредуваат интересна церемонија. На 1 април 1960 г. една симболична поштенска кола во придружба од 5 камиона ги напушта ѕидините на Истанбул и се упатува кон Европа. Во текот на патувањето, кое траело 38 дена, запрежните коњи биле заменувани во различни центри од маршрутата која поминувала низ Грција, Југославија, Австрија и Германија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This