НАЈДОБРИТЕ ПУШКИ ВО СВЕТОТ: Ова се трите најдорби јуришни пушки во светот – Калашњиковот сеуште неприкосновен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овие пушки го менуваа распоредот на сили во војните во целиот свет и ги прославија и ги збогатија своите творци.


Кон средината на 20 век првите автоматски пушки, оружје со голема огнена моќ, со голем капацитет и мала тежина, драстично ги изменија воените судири, и до крахот на векот се докажаа како најефикасно оружје во рацете на војниците.

Ова се трите најпознати офанзивни пушки на светот.

Автомат Калашников

Автоматот Калашников, АК-47 е еден од најпрепознатливите руски брендови. Без сомнение ова е најдобрата офанзивна пушка на светот, произведена во повеќе од 100 милиони примероци и присутна во секој воен судир на планетава.

Пушките АК се познати по силата, долговечноста и сигурноста. А, во споредба со западното оружје се многу евтини. Стручњаците ја ценат оваа пушка зашто таа функционира дури и ако е тукушто извадена од вода, кал или од песок. Ак-47 е незапирлива. Еден американски видеоблогер пред неколку години провери колку куршуми може да испука Ак-47 без пауза.

Одговор: околу 900 куршуми, а механизмот работеше дури и кога пушката се запали и на големо гореше.

Мнозинството стручњаци за оружје му даваат предност на моделот АК-47 кој се појави неколку години по Втората светска војна.

Советската армија во 1949 година ја доби најјаката офанзивна пушка со муниција со калибар од 7.62 милиметри, која лесно се одржува, а куршумите минуваат и низ тула. Сепак, пушката беше премногу тешка (околу 3.5 килограми без рамка) поради масивните метални и дрвени делови.

Затоа АК-74 ги задоволи поставените барања. Калибар од 5.45 милиметри, зголемена е почетната брзина на зрното и брзината на огнот, дрвото е заменето со пластика. Сега руската армија ја очекува новата пушка АК-12 која ќе биде главното оружје на руските војници во следниве децении.

H&K 416


„Хеклер и Кох 416“ е автоматска пушка од германско производство која ги нема маните на претходните верзии М16 и М4 и е создадена на барање на американската војска.

Одлична балансираност и ергономските решенија го прават ова оружје поволно за тактичка употреба во услови на блиска борба. Главниот адут на пушката е системот на краток удар на гасниот клип. Оваа технологија го намалува собирањето на барутни честици во приемникот. Со сличен изглед како М4, ХК 416 има исто конструкциско решение кога станува збор за уфрлањето/исфрлањето на рамката и регулаторот на огнот.

Можни се единечен, рафален и вкочанет ражим на оган. Отворот за исфрлање на чаурата е опремен со поклопец кој штити од надворешните влијанија.

Интегрираните шини се наоѓаат на сите четири страни на сандакот на пушката и овозможуваат монтирање дополнителна тактичка опрема (дневен, ноќен, оптички нишан, ласерски обечежувач на цели, тактички лампи, бајонети и фрлач на гранати).

FN SCAR

FN SCAR е пушка на белгиската индустрија за потребите на американските единици за специјални намени – SOCOM. Во семејството SKAP пушката е вклучена во два модели: SCAR-L (light – лесен модел) со муниција со калибар од 5.56х46 милиметри и SCAR-H (heavy – тежок модел) – офанзивна пушка со калибар од 7.62х51 милиметри.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This