НАЈОПАСНАТА ОПЦИЈА: Американски удар на Дамаск, би предизвикал силен контраудар на Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во последните 24 часа, седум американски авиони имаа извидувачки летови на истокот на Медитеранот во близина на сирискиот брег, каде што се наоѓа руската воздушна база Хмејмим и пунктот за материјално-техничка поддршка на руската Воено-поморска флота во Тартус

Дали ќе дојде до директен судир помеѓу Русија и САД во Сирија, е едно од главните прашања кои се поставуваат во последните неколку дена, како и кои цели Американците би ги бомбардирале.

Американските медиуми наведуваат дека Вашингтон во Сирија разгледува осум објекти – потенцијални мети, меѓу кои се два воени аеродроми и истражувачки центар во кој наводно се произведувало хемиското оружје. Изворите за западните медиуми не наведуваат во кои делови на Сирија се наоѓаат тие објекти, но тврдат дека сириската команда распоредува свои аеродроми на сириските аеродроми на кои се базирани и Воздушно-космичките сили, сметајќи дека САД нема да удри на руските објекти.

Податоци од монаторингот на летовите на воената авијација, кои се објавени на Твитер од сервисот „Мил Радар“, покажуваат дека во последние 24 часа седум американски воени авиони имале извидувачки летови на истокот на Медитеранот во близина на сирискиот брег, каде што се наоѓа воздушната база Хмејмим и пунктот за материјално-техничка поддршка на руската Воено-поморска флота во Тартус.

Стануа збор за шест противподморнички патролни авиони на американските Маринци – П-8А „ПосејдоН“, кои полетале од воздушната база „Сигонела“ во Сицилија, а исто така и за авион за радиоелектронско извидување ЕП-3Е „Арис 2“, кој полетал од Крит.

Портпаролката на Белата Куќа Сара Сандерс изјавила дека американскиот претседател Доналд Трамп сеуште не донел дефинитивна одлука за контрамерките на наводниот хемиски напад во Сирија. Државниот секретар за одбрана на САД Џејмс Матис призна дека нема докази дека се употребени сарин или хлор во наводниот напад во Дума, додавајќи дека единствен доказ за овој инцидент кој го има Пентагон се извештаи од социјални мрежи и некои медиуми.

Тој додава дека верува дека во Сирија се случил хемиски напад и дека САД сакаат инспектори на земја за да соберат докази.

Руските политиколози велат дека западниот печат, повикувајќи се на свои извори, веќе објавиле можно сценарио за американски напад на Сирија.

„Најавено е дека се можно удари на повеќе од 20 цели во Сирија, вклучително и воени објекти и претпријатија поврзани со воено или хемиско производство. И тоа е втората опција. Првата подразбира локален удар, главно на сириските воздушни бази од кои полетуваат авионите кои учествуваа во бомбардирање на милитантите во Источна Гута. И постои уште една опција, според која ударите нема да бидат само на воени објекти, туку и на делови на Дамаск каде што се сместени владините институции, а во кои се наоѓаат руски претставници. Тоа е најопасната ситуација, која би предизвикала одговор на Русија и би можела да доведе до сериозен судир“, смета рускиот аналитичар Борис Долгов.

Политиколот додава дека реакцијата на Русија зависи од тоа што САД ќе направи и каде ќе биде границата.

„Контрамерките можат да бидат разни. Одговорот би можел да стигне од сириските ПВО и руските Воздушно-космички сили, кои би ги уништиле крстосувачките ракети истрелани на сириските мети, бидејќи се претпоставува дека во случај на напад на Американците ќе се користат такви ракети. Такви ракети можат да се лансираат од различни носачи, кои се наоѓаат на море и во воздух. Во тој случај, логично е да се претпостави дека Американците нема со своите борбени авиони да влегуваат во сирискиот воздушен простор, туку ќе бидат во неутрален или во воздушен простор на една од соседните земји. Ракетите ќе бидат уништени во секој случај, но можно е и уништување на носачи на авиони или бродови. Руската команда предупреди дека под одредени услови тоа би било направено. Без сомнеж, Американците ќе го земат тоа во предвид, и мислат дека до таа варијанта во секој случај нема да дојде“, заклучува Долгов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This