March 29, 2024, 12:05 am

НА ПОВИДОК НОВА ВОЈНА ВО БиХ и ВО РЕГИОНОТ: Претседателството на БиХ формира илегална војска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во центарот на тензиите околу Хаг,  членот на Претседателството на  БиХ Бакир Изетбеговиќ учествува во формирањето на илегална војска. Тајната воена обука ја поминале 9000 босанци. Заклучокот на тајната операција се разгледувал на состанокот на Јабланското езеро.

Изетбеговиќ спроведува илегална обука на паравоената формација како што дознава „Новости“.

Како што дознава весникот, повеќе од 9000 босанци на возраст од 18 до 35 години  ја поминале обуката за пукање и основни тактички борбени работи, а  5.000 од нив подигнале и униформа и основна воена опрема.

Информацијата за илегалната војска во режија на  Бакир Изатбеговиќ доаѓа во екот на голема напнатост во  БиХ по изрекувањето на првостепената пресуда на Ратко Младиќ во Хашкиот трибунал. Босанскиот лонец, според информациите на „Новости“ од безбедносните кругови, иако е привидно ладен, опасно се загрева и се заканува да го загрози регионалниот мир.

 

Состанокот на Јабланичкото езеро имал и политичка компонента.Изетбеговиќ, информирал за моменталната состојба во   БиХ, за политичите цели, притисоците кои наводно ги трпи босанскиот народ, како и за планот за проширување на правата на борците.

Илегалната воена обука, надвор од системот на Вооружените  сили на БиХ, спроведена е и со поддршка на повеќе невладини организации и здруженија. Во планот  на воената обука вклучени се и повеќе стрелачки клубови, кои според разузнавачки податоци , се основани за таа цел. Младите босанци се обучувани во тие стрелишта и на полигоните во Сараево, Тузла, Зеница, Бужим…..

Дејка станува збор за темелна подготовка за војна , сведочи и фактот дека се резервирани финансии, за реализација на предвидениот план.

 

Изетбеговиќ именувал дури и одговорни лица за обезбедување на средства и надзор. Воедно се поставени лица одговорни за спроведување на операциите низ регионот.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This