НА СПИЕЊЕ СО ПУШКА: Путин раскажа како во деведесеттите одел на спиење со сачмарка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Русија Владимир Путин раскажа како во деведесеттите години, додека работел во Санкт Петербург, во викендичката морал да оди на спиење со сачмарка. Шефот на руската држава го изјави ова во вториот дел на документарниот филм на новинарот Андреј Кондрашов „Путин“ кој денес е објавен на интернет, пренесуваат медиумите.


За ова во филмот првин зборуваше пријателот на Путин, познатиот музичар Сергеј Ролдугин, а рускиот претседател всушност ја коментираше информацијата и нагласи дека во приказните за „мафијашкиот Петербург“ има многу измислени нешта. Но, како што рече тој, севкупно земено „ситуацијата беше милитантна“.

„Jас во својата викендичка одев на спиење со сачмарка, тоа е точно. Ама времињата беа такви. Што се вели, кој се чува, и бог го чува“, рече шефот на руската држава.

Путин во истиот филм изнесе во јавност некои досега непознати детали, на пример, додека во 2000 година на Нова година патувал во Чеченија во посета на војската, било пукано во неговиот хеликоптер, додека официјално објавената вест кажувала за лоши временски услови. Или за тоа како добил информација за авион кој бил грабнат од терористи кои го насочиле кон Сочи на отворањето на Олимпијадата, а потоа се покажала информацијата како лажна. Затоа првин дал, па го повлекол налогот за соборување на авионот.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This