- Advertisement -
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, денеска беше во Штип, каде изврши увид во изградбата на новата болница во овој град. Тој оваа прилика ја искористи да отствари и средба со членовите на општинскиот комитет и претседателите на месните комитети од Штип.
-На мое задоволство дискутираме со членовите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и со претседателите на Месни комитети во Штип. Корисна и значајна средба за понатамошното делување, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.