April 26, 2024, 11:22 pm

НДМ: Дали ЕУ сугерира оган ако нема нова влада?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Народно движење за Македонија бара одговор од Европската Унија што значи вчерашниот апел на еврокомесарот Јоханес Хан и тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, „не смеете да си играте со оган”.

ndm

НДМ бара појаснување дали позицијата на еврокомесарот Хан и тројцата европратеници значи дека ЕУ сугерира и бара од Република Македонија формирање нова влада по секоја цена, односно, дури и по цена на прифаќање на сеалбанската платформа за рушење на државата, оти во спротивно би следела „игра со оган“ и дали овој повик може да се толкува како официјален став на Европската Унија.

Споделувајќи ја загриженоста на еврокомесарот Хан и тројцата европратеници, НДМ бара допрецизирање и појаснување за таквите наводи со цел надлежните институции поефикасно да одговорат на таквите случаи.

НДМ прашува дали ЕУ има воспоставено пракса при секое формирање на влада во земјите членки на ЕУ и кандидатите за членство, јавно да повикува на создавање на влада дури и по цена на редефинирање на државата, а сето тоа завиткано во дипломатска обланда за демократија, владеење на правото, европскиот пат, реформи и слични флоскули, или тоа е само исклучок за Македонија.

Исто така, НДМ прашува дали ЕУ воспоставува пракса во Македонија, протестот на шарените да се смета само за слобода на здружување и слобода на изразување без обврска, а протестот на црвено-жолтите да се смета за слобода на здружување и слобода на изразување, но, како што побара Хан „тие доаѓаат со обврски“.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This