April 19, 2024, 10:11 pm

„НЕВЕСТА НА САТАНАТА“: Британските медиуми со предлози за новото хиперсонично оружје на Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британскиот таблоид „Метро“ предложи своја варијанта за име на новото хиперсонично оружје за системот „Авангард“. Весникот предлага системот да го добие името „Невеста на сатаната“

Во четвртокот за време на обраќањето пред Федералното собрание рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија прави нови типови на оружја, меѓу кои и системот „Авангард“. Станува збор за ракети кои летаат во високите слоеви на атмосферата со хиперсонична брзина, што ги прави апсолутно отпорни на било кое средство за противвоздушна одбрана и противракетна одбрана.

Според мислењето на новинарите на „Метро“, новите примероци на руското вооружување претставуваат најголем технолошки исчекор, кој би можел нагло да ги засили воените можности на Русија, да ја зацврсти нејзината позиција на меѓународната сцена и да испровоцира нова трка за вооружување.

„Би сакале да предложиме свој назив за системот ‘Авангард’ – ‘Невеста на сатаната’“, пишува „Метро.

Самиот настап на Путин новинарот го оценува како „застрашувачки“. Тоа што претседателот им понуди на Русите сами да изберат назив за новото оружје, според неговото мислење, претставува црн хумор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This