April 18, 2024, 11:59 pm

„НЕВЛАДИНИТЕ“ СЕГА СЕ ЗАГАДУВАЧИТЕ: „Невладините“ не смеат да писнат за загадувањето!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фактичката состојба е полоша од минатата година. Клиниките се преполни, а граѓаните на сопствен ризик излегуваат од своите домови за своите основни потреби. Секоја минута помината надвор е ризична, не само за децата туку и за бремените жени, старите изнемоштени лица, хронично болните, но за жал повеќе нема протести со гас маски или какви било барања од невладините организации.

Молк кај невладините организации за екстремната загаденост на воздухот. Доколку е потребно ќе дишат и чист јаглерод диоксид, но на протест против власта на СДСМ нема да излезат. Имено, главниот град на Македонија ги сруши сите рекорди. Скопје оваа зима го достигна првото место на најзагаден град во светот.

Невладините организации кои минатата зима редовно го пречекуваа тогашниот градоначалник Коце Трајановски протестирајќи пред неговиот кабинет, барајќи и субвенции за гробни места, бидејќи според нив загадувањето во главниот град тогаш одземало многу човечки животи, сега ги нема да излезат со реакција. Молчат како воздухот во Скопје да е нормален и чист.

Фактичката состојба е полоша од минатата година. Клиниките се преполни, а граѓаните на сопствен ризик излегуваат од своите домови за своите основни потреби. Секоја минута помината надвор е ризична, не само за децата туку и за бремените жени, старите изнемоштени лица, хронично болните, но за жал повеќе нема протести со гас маски или какви било барања од невладините организации.

Додека лани протестираа сега никаде ги нема. Имено, минатата година додека се уште градот го водеше Коце Трајановски, остри критики како и протести беа упатени кон него од страна на сегашниот директор на Агенцијата за туризам, Александар Донев кој ги организираше протести, како и друг вид на граѓански незадоволства.

-Не можеме да очекуваме само добра волја доколку ние сме во волку мал број,мислам дека треба се поголем број граѓани да се вклучат да го покажеме на шето незадоволство да се превземе некаква акција, тогаш ниту градоначалникот ниту било која институција неможе да не игнорира. Тоа се покажува како успешно и до сега. Мислам дека тоа е единствениот излез затоа што додека сме во помал број ќе идеме во една институција ќе идеме во друга, треба сите да придонесеме кон тоа и тогаш никој нема да може да не игнорира, рече Александар Донев во изјава за медиумите, додека воздухот се уште му беше “приоритет“

Донев, човекот што бараше субвенции за гробно место е награден со директорска позиција и веројатно не му пречи толку загадениот воздух бидејќи поголемиот дел од времето го минува надвор од Македонија. Неговото прославување следува по низа скапите аражмани како во Тирана, така и патувања во Аргентина.

Од власта на СДСМ ништо ефективно во врска со загадувањето. На социјалните мрежи има низа повици Заев и Шилегов нешто да превземат, но нивните сопартијци кои под превезот на невладини организации протестираа до лани, сега се тивки и не се грижат за загаденоста.

Камионот “градилиште“ во среде центар на градот во периодот на најзагаденост.

Да излезат со реакција ги нема ни бројните новинари блиски до сегашната власт. Луѓе кои беа најгласни за загадениот водух во време додека СДСМ беше опозиција.

Дали сега воздухот не им е проблем?

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This