НЕДЕЛКОВСКИ: ИМЕТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

kucinja-610x250ПУЧ
Според сите параметри на меѓународното и домицилното право, во Македонија е изведен државен удар. Навистина без оружје, меко би рекле. Но, мора да се признае, и со голема асистенција на досегашната владеачка гарнитура. Можеби “асистенција“ е пре остар збор, па ако е помилозвучно за увото употребете ја дефиницијата “без отпор“.
Единствениот отпор, како и што може да се очекува, го даваше и сеуште го дава народот.
Не треба да имаш не знам клкаво IQ за да се заклучи дека целата операција е заради две работи: Промена на името и набутување прекутрупа на Македонија во НАТО.
Прашањето што сега се поставува е како ќе изгледа спроведувањето на овој план, откако државата со пуч е преземна (сеуште ми е во сеќавање смешниот отпор со меланхолично скандирање во Собранието “Ова е пуч“! Како дечиња во забавиште.)

ЗАЕВ
Зоран Заев е будала. И како таков е инструмент што на “дугме“ се исклучува и уклучува. Исто како и неговите коалициони партнери од племето.
Зоран Заев нема капацитет на нормален човек, па да може да размислува, планира… Тој едноставно цитира и спроведува работи што неговиот робовладетел Џес Бејли ќе му ги каже и напише.
Па така, сите следни потези, впрочем како и овие до сега, да сме на чисто – не се на Заев, ами на “Дип стејт“ во Македонија претставувана од Бејли и Бурчевски.

ВЛАДА
Зоран Заев ќе формира Влада. Тоа е јасно. Диво, незаконски, против уставно, со пуч како и преземањето на Собранието… Ќе го прескокне Иванов и Уставот. А ВМРО ќе одигра како и при препуштањето на Парламентот минатата недела. “Без отпор“. Овој пат и без скандирање “ова е пуч“.
Народот ќе остане на улица. Сам. Но, тоа е народ. Со него никогаш не се знае кога ќе експлодира. И тоа е единствената шанса за Македонија како независна држава. Ни исток, ни запад. Ни Русија, ни Америка – ами народ.

ПЛАНОТ
Туку, за планот и беше муабетот.
Имено, за да победи на локалните избори СДС, на комуњарите им се потребни масовни апсење на “непријателите“. Тука нема да има правда, докази, владеење на правото – туку чистка. Back to the 1945. Инаку, СДС нема да може да се наметне локално, во феудите низ Македонија.
Но, дали е тоа изводливо? Изводливо е. Дали ќе му дозволат на Заев и ОЈО кое ќе биде преземено од Катица Јанева – нема да им дозволат. Робовладетелите, де.
Зошто?
Па затоа што тие, размислувајки за не таласање при влез на Македонија во НАТО пресметале дека додатно силување на Македонскиот народ преку незаконско процесуирање по судови и притвори на Никола Груевски и неговиот тим, би долило тензии до ниво да нема да можат да си го спроведат својот мастер план – окупација на целиот Балкан.
“Сценаристот“ на пучот е свесен дека и покрај се, лидер и политичар со најголема доверба и поддршка во народот е Груевски. Анкер. Затоа и понудиле “15 + 2“ дил. (Тие што ја добиле оваа понуда, знаат за што зборувам).
Дали е прифатена или одбиена оваа понуда, не знам. Дека е размислувана – да.
Но, таква понуда кажува дека и покрај поразот од овој славо-балистички пуч, Бејли и меџународната имаат исклучително голем респект кон моќта и влијанието на ВМРО ДПМНЕ и Груевски.
Сепак, јасно им е дури и ним, дека народот е исконски врзан за светото име ВМРО и дека сеуште се надева на излез од кризава со помош на светите четири букви.
На “западот“ му треба брзо вметнување на Македонија во НАТО, како што тоа експресно го направија со Црна Гора. Во тој случај и Србија која малку еден ден е наслонета на Меркел, утредента на Путин, па задутре пак на Меркел – ќе биде изолирана и небитна како точка на која се надева официјална Москва.
За “брзо вметнување“ на Мкедонија во НАТО, на западот не му треба дополнителен набој во Македонија.
Сега Парламентот е окупиран, народот се собира пред него, ама е мирен. “Трај – прај“ тактика е добитна варијанта.

ИМЕТО
Секако, главниот “проблем“ за влегувањето е ИМЕТО.
Тука ќе се бие битката. Дали нашите политичари ќе се “спротистават“ со детско хорско пеење во стилот на собраниското “ова е пуч“, или ќе се покаже дека има и мажи?
Оти, за сите нас машки лица во Македонија, непријатно е ежедневното сознание дека најмногу муда во државава има жена – Мирка Велиновска.
Без име, односно со друго име, нам никој нема да може да ни го одземе чуството што сме. Ама тоа е интимно чуство. Официјално, ќе бидеме украдени и силувани од сите соседи и сите “меџународни“ што сакаат да не‘ нема.
Со Македонија во НАТО, нема да добиеме сигурност, ами константна окупација (како сегашна Германија). Но НАТО ќе добие единствена територија каде сите ќе можат да влегуваат и излегуваат од држава во држава без контрола, без одговорност, без безбедност… Односно, секој злонамерник ќе може да шврља низ Македонија и да ја доразнебитува.
Македонија и Македонскиот народ во оваа епска битка немаат сојузник. Не. Немаат.
Црногорците и Србите имаат каква-таква руска помош. Недоволна, но сепак помош. Србите од Црна Гора имаа помош од Србија. Не доволна, не доволно конкретна, но сепак имаа.
Ние немаме помош. Од никого. Онаа од турците е Тројански коњ за исламизирање на што е можно повеќе територија на Македонија. Израелците се апсолутно еврејски дволични. Русија ја нема на повидок. Кина е заинтересирана само за бизнис (кредити, коридори…). Вашингтон одамна ни го има ископано гробот, го има нарачано и споменикот, само не се сигурни кој датум на смртта да го напишат на него.
Значи, да не се занесуваме – сами сме. Впрочем, како и секогаш.
Пардон, не сме сами!!! Тука е и Единствениот – ГОСПОД.

ГОСПОД
Со него, со Бога, никој не излегол на крај.
Скептиците ќе речат, еве го Миленко забега.
Не, не сум забегал, ами сум објективен. Бидејки едно е прашањето што на скептиците ќе им го поставам:
-“Како е можно, после две-и-пол илјади години без држава, со одземена црква, без институти, факултети, музеи, архиви – овој народ да преживее? Да преживее идентитетот – јазикот, фолклорот, топонимите, преданијата…
Како е можно покрај сите погроми доживеани од Римското царство, од Османлиската империја, од грците, србите, бугарите, албанците, од ЕУ, НАТО, Сорос – како е можно да сме сеуште тука живи, здрави, витални???
Како, ако немаме Божја помош, сеуште сме проблем број еден за планерите?
Како побогу опстануваме?“
Како?

Народот е премудар, рекол: Како Господ никој не е.

Миленко Неделковски
07 мај 2017
6.31 часот – Скопје
(пред 4-дневното заминување за Русија за учество на дебата и неколку манифестации)

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This