April 25, 2024, 12:31 pm

НЕЗАДОВОЛСТВО И ВО ДУИ: Гостиварскиот огранок на партијата и Невзат Бејта незадоволни од одлуките на Ахмети!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Касам Селими кој важи за близок соработник на градоначалникот на општина Гостивар Невзат Бејта, не го крие незадоволството од предлогот за министри во владата со СДС кои вчера ги објави Али Ахмети, пренесува „Газета“

ahmeti-bejta

Според Селими, вчерашната седница на централното претседателство на ДУИ направила кардинална грешка со тоа што не поставила ниту еден министер од Гостивар, како што вели единствениот град во кој ДУИ победи.

Селими во својата објава на ФБ додава и дека пред 11-ти декември сите биле замолчени и никој не смеел да се спротивстави на претседателот на партијата освен огранокот во Гостивар но додава и дека сега имаат 1001 причина да ја зборуваат вистината.

Незадоволството од одлуките на ДУИ почна да се рефлектира и помеѓу граѓаните Албанци, кои не се согласуваат со предлозите на Ахмети. Наместо тоа симпатиите кај албанската популација во земјава ги однесе БЕСА со одлуката да не учествува во владата на СДС во која како што велат има повеќе лица кои се гонат за криминал, и каде што не гледаат никаков реформаторски капацитет.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This