НЕКА СИ ГИ ЧУКНАТ МАЛКУ ГЛАВИТЕ: Новинарката на „Телма“ Емилија Лазаревска го испрати Заев „да си ја чукне главата“ и да не летаат во облаци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарката Емилија Лазаревска која учествуваше во Шарената Револуција почна да упатува силни критики кон СДСМ.

Во своите постови на Фејсбук таа пишува дека станале недопирливи и продаваат елитизам, а вртоглаво ја губат поддршката од непартиските гласачи.

Лазаревска претходно на својот Фејсбук профил ја критикуваше и локалната власт.

-Општина Аеродром, во поглед на хигиената, сѐ повеќе заличува на времето пред Ивица Коневски. Тие што живеат доволно долго во оваа општина, знаат за што зборувам. Првата фотографија, со душекот потпрен на дрво, е истата онаа што ја постирав пред неколку недели. Ништо не е исчистено , ниту мрднато. Следните три фотографии ја покажуваат состојбата кај популарната Чешмичка, зад Три бисери. Повеќе од 4 месеци, значи пред Нова година е ископана оваа дупка, заради дефект на цевка, и отогаш никој не се обидел да реагира или да ги врати плочките во првобитна состојба. Последната фотографија не е нова, и таа е истата од пред неколку недели и месеци и ништо не е исчистено. Тоа се земјените и каливи предели до тротоарите кои водат до Нова железничка станица, на територија на општина Центар… Знам дека им е тешко на градоначалниците да сфатат дека хигиената и комуналното уредување се нивна работа, ама тоа им е обврска! Да не зборувам за ситното ѓубре, како што се остатоци од семки, пикавци и друго, кое воопшто не е на агенда за чистење. Или искосена , па така оставена трева која пожолтува врз свежата, и која буквално гори под остатоците од искосената. Знам, ова некому изгледа како научна фантастика…ете толку им е тешко да сфатат дека ова не смее вака да изгледа.

Се почести се силните критики на Лазаревска кон СДСМ.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This