НЕКОЛКУ ИЛЈАДНА ПОВОРКА ПОЗАДИ ЗАЕВ: Неколку илјади новинари, ПР „експерти“, шарени „револуционери“ ќе го убедуваат народот колку е добро да се смени името!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ударното новинарско перо на опозицискиот СДСМ , Бранко Героски во својата последна колумна го открива планот на Заев во однос на медиумската стратегија за убедување на јавноста во неопходноста за промена на името на државата – пренесува „Република“


Героски најавува дека, според неговите информации, цел ПР тим, функционери и експерти, во одреден момент ќе се вклучат во перењето мозок. Освен функционери и експерти дел од стратегијата се и шарените револуционери кои мора да одработат за добиените привилегии.

– Некои велат дека сите активности се добро испланирани и дека во клучниот момент зад Заев, во борбата за решение на спорот, ќе тргне неколку илјадна поворка на министри, партиски другари, шарени и попарени револуционери, експерти за пи-ар, благонадежни интелектуалци и новинари. Ај да го видиме и тоа чудо!- наведува Геровски во својата колумна.

Героски во колумната, сугерира владата на секој можен начин да го заобиколи референдумското изјаснување на граѓаните.

– Само едно, ве молам, не спомнувајте референдум за името. Ако се мисли на таква процесија, барам веднаш да се заборави таа идеја – вели Героски.

Според Героски референдумот во Македонија ќе значи и референдум во Грција и баш затоа не треба да се распишува референдум, како би можело да дојде до промена на името.

– Референдум за името во Македонија значи и референдум за името во Грција. Во Македонија не знам, ама во Грција никогаш нема да помине. Тоа значи нема компромис, нема решение, нова блокада. Владата во Скопје ќе биде таа што со компромис ќе го реши спорот, а референдум може да има само за прашањето дали Македонија сака да биде членка на НАТО и на ЕУ -пишува Героски.

16 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This