April 25, 2024, 11:07 am

НЕКОЈ ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ ГРЕЕЊЕ: Гаспром ги затвара вентилите за гас кон Украина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот спор помеѓу Русија и Украина поврзан со гасот е причината поради која рускиот гигант “Газпром” ја започна постапката за раскинување на договорот со Украина за набавка на, како и транзитот на “синото гориво” во ЕУ преку Украина. Европа, погодена од “сибирскиот студ”, стравува дека тоа би можело да го загрози снабдувањето со рускиот гас на континентот.

Во Москва, пак, уверуваат дека намерата на “Газпром” да го прекине договорите со Украина засега не претставува закана за испорака на природен гас за Европа.

Рускиот министер за енергија Александар Новак, пред претседателот на Европската комисија Марош Шефчович истакна дека не е загрозен транспортот на гас, се додека “Гаспром” и “Нафтогас” целосно не го раскинат договорот.

Руската енергетска компанија беше принудена пред судот за арбитража во Стокхолм да иницира постапка за раскинување на договорот со украинскиот “Нафтогас” за испорака и транзит на гас, откако Арбитражниот суд во Стокхолм ги поткопа интересите на “Гаспром” и издаде одлука според кој руската компанија треба да плати на украинските компании 2.56 милијарди долари за компензација, бидејќи не ја достави договорената количина на гас за транзит. Судовите ја образложија својата одлука со брзото влошување на украинската економија, додека Русите категорично се противат на одуката и велат дека се поткопуваат руските интереси за да се спаси Украина.

Инаку, од “Газпром” изјавуваат дека на “Нафтогас” и се вратени исплатите за испораката на гас во март и дека тие нема да се спроведат поради недоследности во анексот на постојниот договор.

Киев веќе го обвини Газпром дека не го почитува договорот, а одлуката на Гаспром да го прекине договорот ја нарекува “гасна уцена”
Рускиот епскерт на оваа тема Агван Миќељан за Спутник вели дека е сега совршено време да се прекине договорот со земја која прави се за да и наштети на Русија.
Тој истакнува дека вкупниот капацитет на цевките за Северниот тек 1, Северниот тек 2 и Турскиот поток ќе биде околу 1,5 пат повисоки од оние што во моментов поминува низ Украина.

“Време е Европа да се навикне на апсолутна доминација на Германија, вклучувајќи ја и енергетската сфера”, заклучи Микаљелан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This