НЕМА НИТУ ГРАДЕЊЕ НИТУ ОБНОВУВАЊЕ НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА: Владата на Заев ги одзема парите предвидени за изградба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата предводена од Зоран Заев ги одзема парите предвидени за изградба на Универзална сала.

Министерството за финансии, со ребалансот, ги укина парите за обновата предвидени во буџетот за 2017-та година.

Оваа есен требаше да се изврши целосна реконструкција, но одлуката на Владата на СДСМ да ги скрати парите, го стопира проектот.

-Во буџетот за 2017-та  година за Универзална сала биле предвидени 35 милиони денари. Од нив во првите четири месеци од годинава се потрошени 11.200.000 денари, за потребите за проект за изградба на нов објект. Тие се веќе исплатени, а останатите пари се укинати оти Министерството за култура оценило дека се работи за проект кој не е реализиран и не е во нивна надлежност,  велат од Министерството за финансии.

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски во изјава за МАКФАКС, потенцира дека Универзална сала е објект од национален интерес за кој средства треба да одвои Владата.

„Универзалната сала не е од интерес само на Град Скопје бидејќи е објект или институција низ којшто поминале сите позначајни музичари, театарски уметници и слично. Токму затоа претходната влада пристапи кон активности за реконструкција на салата со оглед на тоа што таа е затворена и не е во функција веќе подолг период. Се изработи еден проект во форма на јајце, којшто се покажа како многу скап. Бидејќи беше многу скап, Владата одлучи да се направи нов проект. Имаме и заклучок од Владата,  извадок од седница од Владата во кој се препорачува Конгресниот центар ‘Александар Македонски’ да пристапи кон реализација на новиот проект за Универзална сала. Тој нов проект е веќе направен и чини 12 милиони денари само проектот, без ДДВ, додека вредноста за реализација на тој проект е околу 15 милиони евра, исто така без ДДВ. Ние од Владата, односно од поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска имаме допис во кој се препорачува на Конгресниот центар да почне со реализација на проектот ‘Универзална сала’ со тоа што во една од следните точки стои дека средствата ќе бидат обезбедени од буџетот на Република Македонија и ќе бидат префрлени на Конгресниот центар во моментот кога ќе почне реализацијата или како што ќе стигнуваат ситуациите. Средствата беа предвидени во буџетот за 2017 година со оглед на тоа што проектот беше готов и требаше да се почне со реализација. Меѓутоа, за жал, со ребалансот и покрај нашето инсистирање и укажувањето во Министерството за култура средствата беа укинати. Веќе не постојат средства за реализација на овој проект.  Јас би апелирал, би барал од министерот за култура, господинот Алаѓозовски, и од новата влада на господинот Заев да ја преиспитаат својата одлука и градот Скопје да не го остават без Универзална сала бидејќи новиот проект сметаме дека е навистина реален проект којшто може да се реализира“, вели градоначалникот Трајановски.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This