НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА: „Сто пати сум кажал, нема откажување од Тиранската платформа“ – гаранцијата слабо, а Ѓорѓе?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната прес-конференција на претседателот на ДР-ДПА Зијадин Села, одговарајќи на новинарско прашање соопшти дека не го интересира што и кому потпишува Зоран Заев, меѓу редови изјавувајќи и дека не го признава претседателот Ѓорѓе Иванов, обраќајќи му се со „некојси претседател“. За Села откажувањето од Тиранската платформа би било како да се откаже од иднината на своите деца.

sela_3

Еден од новинарите го запраша Села: „Како го толкувате давањето на мандатот на Заев од страна на Иванов, и гарацијата која што ја даде Заев на претседателот Иванов?“

Села на тоа одговори:

„Јас не сум Претседател колку што знам на господинот Зоран Заев, јас сум претседател на Движењето за реформи – Демократска Партија на Албанците. Ние никаква гаранција не сме потпишале што барал некојси Претседател. И нема никогаш да потпишуваме гаранции кои некој ги барал.“

Зборувајќи за тиранската платформа Села додава:

„Сто пати сум кажал дека јас не се откажувам од декларацијата на Албанците, затоа што е исто како да се откажувам од иднината на моето дете. Секако дека ке инсистирам на платформата.“

Меѓу другото лидерот на ДР-ДПА остави простор и за уцена најавувајќи дека доколку не се исполнат неговите барања после 100 дена ќе ја преиспита поддршката на новата влада.

„Едно нешто е сигурно, јас кажав и ке повторам,без разлика дали ке бидеме и ние физички дел или со други зборови дали ке имаме министри или не, може и да немаме, ние ќе ја гласаме новата Влада и се разбира после 100 дена ќе го преиспитаме нашиот глас.“

25 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This