НЕМА ПОВЕЌЕ МАМУРЛАК: Истражувачите тестираа ветувачки лек за мамурлакот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Научниците се во потрага лек за мамурлакот кој се состои од капсули исполнети со природни ензими кои постојат во човековите клетки на црниот дроб, со идеја дека ензимите може да помогнат алкохолот да се метаболизира побрзо – и на тој начин, да се избегне мамурлакот.

Јунгенг Лу, професор по хемиски и биомолекуларен инженеринг, Ченг Џи, експерт за болести на црниот дроб и Дуо Ксу, работеа заедно за да го развијат противотровот на , објави АП.

Истражувачите избраа три природни ензими кои го претвораат алкохолот во нетоксични молекули, кои потоа можат да бидат лесно исфрлени од човечкото тело.
Нанокапсулите тие ги тестираат на тој начин што ги вбризгуваат во глувци на кои претходно им е дадено големо количество алкохол, капсулите потоа патуваат во црниот дроб на глувци и помагаат при метаболизирањето на алкохолот.

Досегашните наоди покажуваат дека нивото на алкохол во крвта на ,,пијаните глувци’’ на кои им е даден лекот е намалено за 45 отсто за само четири часа во споредба со глувците кои не го примиле лекот. Покрај тоа, концентрацијата во крвта на ацеталдехид кај глувците кои го добиле третманот е многу ниска во споредба со оние кои не го примиле лекот. Глувците кои го добиле лекот, исто така, се разбудиле многу порано од нивниот пијан сон отколку глувците кои не биле лекувани.

Ацеталдехид е хемиско соединение кое се создава во телото за време на преработката на алкохолот и е супстанцата што ги предизвикува чести ефектите на мамурлакот како главоболка и повраќање.

Според истражувачите, третманот може исто така да помогне да се спречи труење со алкохол и да се заштити црниот дроб од оштетување поврзано со алкохол. Лековите во моментов се подложени на тестови за да се осигура дека тие се безбедни за консумирање и не резултираат со какви било опасни несакани ефекти. Ако третманот ги помине тестовите на животни, клиничките испитувања кај човекот би можеле да започнат за една година од сега.

Помеѓу 8 и 10 проценти од посети на итна помош во САД се поврзани со акутно труење со алкохол. Алкохолот е најраширен фактор на ризик за прерана смрт и инвалидитет кај луѓето на возраст од 15-49 години. Покрај тоа, употребата на алкохол е фактор на ризик за многу видови на рак, вклучувајќи рак на усната шуплина, грлото, ларинксот, хранопроводникот, црниот дроб, дебелото црево, ректумот и на дојката, според Светската здравствена организација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This