НЕМА ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ: Пензионерите ги губат бенефициите кои ги стекнаа од владата на ВМРО-ДПМНЕ, но и редовното зголемување на пензиите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По укинувањето на бесплатниот превоз, но и најавите за укинување на сите останати програми за пензионерите, со ребалансот на буџетот, владата на СДС не планира да ги зголемува ниту пензиите, односно, зголемувањето ќе биде симболично од само 1%

 

Бенефициите кои за пензионерите ги воведе ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат укинати, а пензиите нема да се зголемуваат линеарно, односно по 600 денари, туку владата на СДС оваа пролет ќе ги зголеми за симболична сума од 1%. Тоа би значело дека најниските пензии би добиле зголемување од само 85 денари. На овој начин, пензионерите кои добиваат повисоки пензии ќе добијат повеќе пари, додека оние кои примаат помала пензија ќе добијат помало зголемување.

Во 2016 година просечната пензија во државава изнесувала 14.476 денари, што е речиси 100% зголемување на износот на пензија за разлика од 2006 година кога ВМРО-ДПМНЕ ја превзема власта од СДС. Пред 2006 година, владата на СДС не само што не ги зголемуваше пензиите туку и во неколку наврати изврши корекција, односно намалување, а исплатата на истите редовно доцнеше.

Освен пензиите, пензионерите го губат правото на бесплатен превоз во јавните претпријатија, но и голем број од бенефициите кои ги стекнаа од владата на ВМРО-ДПМНЕ, како што се бесплатното летување и зимување, бесплатното банско лекување, и редица други потреби кои ги имаа пензионерите како барања, а беа исполнети од владата на Никола Груевски.

 

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This