НЕМА ПОТРЕБА СРБИЈА ДА ВЛЕГУВА СО ВОЈСКА НА КОСОВО: Косовскиот премиер вели дека Србите во Косово се безбедни и нема потреба од конфликт!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот на Косово Иса Мустафа изјави дека Србите во Косово не се и нема да бидат загрозени и нема потреба за заштита или одбрана од Белград, пренесува порталот Коха нет.

uck_kosovo_proslava

Оваа изјава следува по онаа на српскиот претседател Томислав Николиќ кој изрази подготвеност Србија да влезе со војска во Косово доколку тамошното српско население биде загрозено.

Овие изјави следуваат после најновото заострување на односите меѓу Белград и Приштина, откако вчера во Косовска Митровица не стаса возот од Белград поради можноста од избивање судири, пренесува Блиц.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи на Твитер изрази надеж дека Србија ја научила лекцијата по провокацијата со возот.

„Се надевам дека лекцијата е научена од оваа провокација. Добрите соседи не настапуваат со екстремистички проекти, туку со дијалог“, порача Тачи.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This