April 19, 2024, 10:28 am

НЕМА САКАМ – НЕ САКАМ: Задолжителна вакцинацијата на деца, инаку нема да ги примат во градинка и училиште

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Исто така, од ресорното министерство најавија дека услов за запишување на децата во предучилишните и училишните установи ќе биде децата да бидат вакцинирани. Но сепак додадоа дека за исполнувањето на овој услов треба да се направат соодветни измени и во законската регулатива на социјалната политика и образованието.

На прагот на Европската недела на имунизацијата министерот за здравство Венко Филипче најави промени во календарот за имунизација кои би воделе до негово комплетно осовремување во согласнот со препораките на Светската здравствена организација.

Имено, во овогодинешниот тендер за набавка на вакцини планирана е набавка на уште две вакцини, за рота вируси и стрептокока, кои пак како задолжителни ќе влезат во календарот за вакцинација од 2019 година.

Исто така, од ресорното министерство најавија дека услов за запишување на децата во предучилишните и училишните установи ќе биде децата да бидат вакцинирани. Но сепак додадоа дека за исполнувањето на овој услов треба да се направат соодветни измени и во законската регулатива на социјалната политика и образованието.

Со цел подигнување на јавната свест за корисноста и потребата од вакцинацијата како најдобар начин за спречување на епидемии од заразни болести, министерството за здравство планира теренска акција која ќе трае во периодот од 23 до 29 април, при која превентивни тимови ќе ги проверуваат картоните за имунизација на децата во секоја подрачна единица детектирајќи невакцинирани деца кои треба да бидат имунизирани.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This