НЕРВОЗИ И РАСПРАВИИ ВО СДС: ОО СДСМ Гостивар се огради од поставувањето на новиот директор на ЈП Водовод, и предупредуваат на раскинување на коалицијата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се почести се реакциите на членствот на СДС, кое и по 70 дена од новата влада сеуште е заборавено, а на нивно место се фаворизираат коалиционите партнери, имајќи во предвид дека Зоран Заев и неговата збирштина наречена коалиција, има само 61 пратеник

Денес попладне, општинската организација на СДС се огради од назначувањето на новиот директор на ЈП Водостопанство на Македонија, Славе Арсовски, со реакција дека тој е кадар на НСДП, кој пред членовите на СДС добил предност.

-ОО СДСМ Гостивар го известува своето членство дека Славе Арсоски поранешен претседател на ОО СДСМ Гостивар и пратеник од редовите на СДСМ во периодот од 2002-2006 год, од 2006 год. е член на НСДП. Во период од 2006-2008 кога НСДП коалицира со ВМРО-ДПМНЕ истиот е поставен на истата функција како денес односно директор на ЈП Водосттопанство на РМ. ОО СДСМ Гостивар од првиот момент на сознаније дека НСДП го спрема истиот како кадар за погоре наведеното место реагираше кај структурите од НСДП како на локално така и на Централно нив меѓутоа истите не ги послушаа нашите сугестии. Од тие причини ОО СДСМ Гостивар се оградува од назначување на Славе Арсоски за директор на ЈП Водостопанство на РМ, се вели во реакцијата на ОО СДСМ Гостивар.

Тие додаваат дека ако НСДП уште еднаш не го преиспита својот став, евентуалното коалицирање на локално ниво за наредните локални избори е доведено во прашање.

Освен раководствата на општинските организации на СДС, реагираат и членови на партијата но и активисти на платеничката револуција, кои биле заборавени од функционерите на партијата, иако како што велат, додека траела кампањата биле максимално ангажирани, а сега на нивно место се поставуваат сончогледи и „лижачи“.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This