НЕШТО КАКО ПРИВАТИЗАЦИЈАТА: СДС со закон ќе ја легализира партизацијата на институциите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новата Влада подговтвува промени на законот за државна администрација што според поранешната министерка за информатичко општество ќе значи партизација на институциите. Се предвидува укинување на оценувањето за вработените и раководни кадри ќе може да бидат поставувани без никаква контрола.

 

Наместо едно ниво како до сега, на интерни огласи во јавната администрација ќе може да се добива унапредување наеднаш за неколку места погоре. Ова се дел од измените на законот за административни службеници што ги предлага министерот Дамјан Манчевски во делот на јавната администрација. Причината, како што објаснуваат во министерството за инаформатичко општество и администрација, унапредувањето за само едно ниво не дава можност во администрацијата кариера да градат службениците кои подолго време се најниските нивоа во рамките на категоријата.

-За моментално затекнатите луѓе во администрацијата да може да ги пополни овие работни места. Сметаме дека имаме капацитет во администрацијата за тоа. Ова во комбинација и со уште еден предлог за да бидат апсолутно сигурни граѓаните дека не се работи за политички реваншизам, а тоа е дека ги укинуваме казните за нискооценетите во администрацијата, цели Манчевски.

Во објаснувањето нема дали едноставно ќе се укине унапредувањто за едно место нагоре со што ќе се отвори слободна проценка на министерот, директорот или раководителот кого треба да унапреди и за колку места или пак, сепак ќе има некакви рамки кога и за колку звања ќе може да се оди напред во кариерата.

За поранешната министерка Марта Томовска Арсовска во чие време беше воведен системот за унапредување по заслуги решенијата се апсурдни.

-Тогаш нека нема звање и ниво, да го срушиме системот за работни места и кариера, да го срушиме целиот систем и секој директор или министер нека си вработува партиски лица како му е ќејф. Она што сакам да го потенцирам, е дека доказ дека новите закони се одлични и несмеат да се менуваат дојде од Брисел, преку барањата на Прибе и идните реформски приоритети, за целосна и рогорозна имплементација на новите закони, какви што се всушност, вели Томовска Арсовска.

Според предложените решенија, ќе се укинуваат и тестот за интелектуален капацитет и тестот за личност кои се прават при вработување во јавната администрација, како и меѓународните сертификати за познавање на странски јазик што треба да се приложат при вработување или унапредување. Во министерството за администрација сметаат дека тестовите само ја усложнуваат постапката за вработување, додека сертификатите се финансиско оптоварување за кандидатот.

-Затоа предложивме овие тестови да бидат, не дека ги укинуваме дел од нив, на пример тестот за странски јазик останува, но ќе биде спроведувана од страна на државата и на финансиски товар на држава, вели Манчевски.

Поранешната министерка, пак, вели дека ваквиот систем за влез во јавната администрација е направен по барање на Брисел и биле дел од реформите за професионализација на администрацијата.

-Остнавме само на прашања за познавање на базичната законска регулатива, неколку закони, кои што прашања се и јавно објавени, може да се научат на памет и ако одлуката кој ќе се вработи зависи од исклучиво од овие неколку прашања и од интервјуто, кое што пак зависи од објективноста или субјективноста на комисијата која го спроведува, тогаш џабе зборуваме за мерки и за департизација, вели Томовска Арсовска

Според плановите на министерството, конкретните излезени треба да бидат преточени во закон до 8 септември.

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This