НЕ ДАЈ БОЖЕ, АЛАЃОЗОВСКИ ДА ТИ ДАДЕ ПРОЕКТ: Алаѓозовски му одобрил 100.000 евра на „Авалон“, па го пријавил во Финансиска полиција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ќе се истражува и како, колку и по кои критериуми години наназад фирмите на „Авалон“ добивале пари, односно субвенции од државата кои достигнувале и до 200 илјади евра, кога постојано Министерството за култура добивало претставки дека овие фирми не си ги подмируваат обврските кон ЗАМП и со носењето во стечај, практично и не може доверителите да си ги наплатат побарувањата никако.

Финансиската полиција отвори предистражна постапка под сомневања за големи суми даночно затајување од страна на фирмите-ќерки на „Авалон продукција“, дознава порталот Сакамдакажам.мк.

Оваа предистрага е отворена по пријава на случајот од министерот за култура Роберт Алаѓозовски, откако Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) ги документирало правосилните судски пресуди со кои фирмите на „Авалон“ со години не плаќале за авторски права по бројните концерти на домашни и странски музичари и автори и ги однело во Министерството за култура. Вкупната сума што ја должеле овие фирми со судски пресуди досега е стасана до 150 илјади евра.

Авалон продукција претходните две години добила 21 милион денари од Министерството за култура преку фирмата „Самоорганизација ДООЕЛ Скопје“.

„Да, предметот од Министерството за култура е примен и архивиран во Управата за финансиска полиција на Република Македонија во март 2018 година. Отворена е предистражна постапка. Според нашата надлежност, почнати се проверки на фирмите на Авалон, од основната, формирана во 1998 година, која не била под ова име, преку Авалон продукција и до сите останати фирми – ќерки кои биле низ годините отворани и згаснувани со носење во стечај, ликвидација, или биле трансформирани. Наша задача е да влеземе во сметководствата и книговодствата на овие фирми да ја констатираме состојбата и ако утврдиме даночно затајување, ние самите да поднесеме кривична пријава или за тоа да го известиме Јавниот обвинител на ОЈО Скопје“, велат во Финансиската полиција.

Од извори во Министерството СДК.мк дознава дека за годишниот проект за музичко – сценски настапи Авалон конкурирала со „Самоорганизација“, а 100-те илјади евра пари од буџетот за „25 години Авалон продукција“ добила „Самоорганизација букинг“, што се припишува како превид на членовите кои одлучувале кој ќе ги земе најголемите пари на конкурсот. Членовите се надворешни и не се вработени во Министерството за култура, па Алаѓозовски не можел да покрене дисциплинска постапка. Парите од Министерството за култура не се исплатени, додека не се изјаснат истражните органи.

Оттаму, во Финансиската полиција потврдуваат дека покрај сомневања за даночно затајување, ќе се испитува и евентуална злоупотреба на службената положба и овластувањата на раководните функционери во Министерството за култура.

Целиот текст на СДК.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This