НЕ Е САМО МАКЕДОНИЈА НЕЗАДОВОЛНА ОД ЕУ: Многу земји се незадоволни од двојните стандарди на ЕУ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската Унија, која беше мировен проект, треба повторно да стане препознатлива по својата најголема моќ, а тоа е европеизацијата. Преку европеизацијата, Унијата успеа да ги поттикне државите и општествата на европскиот континент доброволно да се трансформираат. Само преку европеизацијата се гради Европа, рече претседателот Ѓорге Иванов, во денешното обраќање на претседателската сесија на 20. Евроазиски економски самит, што се одржува во Истанбул.
ivanov-3-640x294

– Само преку европеизација може да се шири просторот на мир, безбедност и просперитет во непосредното и поширокото европско соседство – во Северна Африка, на Блискиот Исток, на Кафказот. Балканот не го спомнав, бидејќи тој е коренот на Европа. Но, Европа треба допрва да се сети и да се врати на корените, истакна македонскиот претседател.

Од почетокот на независноста пред 26 години, додаде Иванов, Република Македонија имаше цел да стане дел од Европската Унија и од либералниот поредок. Но, токму во либералниот поредок што ги афирмира идентитетските права и слободи, нагласи претседателот, нашите неотуѓиви права и слободи на самоидентификација се оспорени.

– Токму Европската унија чие мото е единство во различноста, ја негира нашата различност. Не случајно еден наш филозоф заклучи дека за Македонија политичкиот либерализам заврши во оној момент кога ни се оспори името и идентитетот. Двојните стандарди на либералниот поредок нам ни го оспориja правото на идентитет, но и правото на просперитет. На Македонија ѝ се блокираат нејзините европски и евроатлантски интеграции. Затоа, на случајот Македонија станува очигледно лицемерието на овој меѓународен поредок кој колабира поради своите двојни стандарди. Не само Македонија туку и многу други земји не се задоволни од двојните стандарди на Унијата, рече претседателот Иванов.

Според него, на Европа не ѝ се потребни нови принципи и вредности, туку, како што рече македонскиот претседател, потребни ѝ се лидери кои можат да видат дека европеизацијата е спас за сите држави на нашиот континент.

– Унијата која беше сон, што прерасна во надеж, ќе биде реалност за сите нас само доколку остане верна на својата суштина – на европеизацијата како процес на метаморфоза на Европа, порача Иванов.

На Евроазискиот форум учествуваат актуелни и поранешни државници, претседатели, премиери, министри, истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, невладиниот сектор и бизнис заедниците од 40-тина држави.

Организатор на Евроазискиот економски форум е Мармара фондацијата, група за економски и општествени истражувања која има за цел унапредување на односите меѓу ЕУ и земјите од централна Азија и Блискиот Исток.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This