НЕ ИМ Е ПО ЌЕЈФОТ, ПА ПОЧНАА ДА ПЛАЧАТ: СДС почна преку медиумите да врши притисок на Врховниот суд – обвиненијата на СЈО да се прифатат по секоја цена!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Медиумите под контрола на СДСМ почнуваат со притисоци за следната фаза околу прифаќање или отфрлање на неоснованите обвиненија. И досега тоа го правеа со т.н. експерти сите до еден блиски до СДСМ, а сега продолжуваат во пресрет на наредните фази во случаите кои политизираното СЈО како извршител на нарачките на Зоран Заев и СДСМ, ги отвори против функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, денеска реагираа дека Судот одлучил да не суди според фактите и аргументите, туку да оди по линија на помал отпор.

-Судот ги отфрли барањата на одбраната за укинување на мерките на претпазливост, иако истите беа поткрепени со издржани аргументи, а како божемна утеха и показател за некаков баланс ги отфрли и барањата на СЈО кои беа чисто политички. Со ваквата своја одлука, судот подлегна на притисоците на СДС и нивните поддржувачи. Одлуката да се потврди решението за одземање пасоши и редовно јавување не е балансирана, туку на штета исклучиво на засегнатите, а со неа судот се вклопува во сценариото на Зоран Заев за оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ. Барањето за притвор на СЈО беше апсурдно, неосновано и политичко. Тоа го оцени и првостепениот суд кога констатираше дека не постои никаква опасност за бегство. Доколку е така, а така е, тогаш не постои ниту логично образложение патните исправи на луѓето кои се предмет на политички прогон на СЈО да бидат одземени, посочи Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешената прес-конференција.

Според партијата, Зоран Заев целиот притисок врз судството го прави за да се спаси себеси за криминалите во кои е заглавен и во исто време да го попречи ВМРО-ДПМНЕ да му застане на патот на неговата деструктрутивна и антидржавна политика.

Само за потсетување, во 1997 година СДСМ промени 617 судии, очигледно и сега владата на СДСМ има намера комплетно да го партизира судството и да го стави под своја контрола.

Само на тој начин нема да има ниту еден судија кој ќе го гони Заев за случаите во кои бара стотици илјади евра поткуп од бизнисмени од позиција на градоначалник на општина Струмица.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат и дека показател за овој план на СДСМ е Фркчовистичкиот совет за реформи во судството преку кој Заев ќе се обиде да инсталира стотици нови „Катици“ со цел да има целосна контрола на правосудниот систем и да врши политички прогон на своите неистомисленици.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This