НЕ МЕ ЛАЖЕШ ПО ВТОР ПАТ ЗА ТОЛКУ КРАТКО: Со вакви пораки граѓаните ги испратија кандидатите за градоначалници на Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Медиумите под контрола на СДСМ и Сорос веќе ги објавија првите имиња со кои партијата на власт ќе настапи на локалните избори. Генералната оцена е дека станува збор за пајташи на Зоран Заев со кои ќе продолжи политиката на лаги, понижување на Македонците и неспособност да се раководат институции – тоа се одликите за кои постои едногласен став во јаноста дека токму тоа го демонстрираше владата на СДСМ во овие речиси сто дена нивно владеење.

Компромитираните и коруптивни кадри со кои Заев реши дека ќе настапи на локалните избори се вклопуваат во сликата на типичен градоначалник од СДСМ како што се Заев, Андреј Жерновски и Зоран Дамјановски – Циц. Луѓе кои многу ветуваат, ништо не сработуваат и се вмешани во многу корупциски скандали вредни милиони евра во општините кои ги раководеле.

Новите кандидати на СДСМ со кои јавноста предвидува катастрофален пораз на Заев на локалните се вклопуваат во профилот на Заев, односно се бирани по принципот – каков лидер, такви кандидати. Заев, Жерновски и Циц се познати како луѓе кои го промовираат концептот на локални корумпирани шерифи кои градат односи со мафијашки структури за да ги ограбуваат народните пари.

Јавноста памети за матни бизниси, сомнителни зделки. Заев од позиција градоначалник на општина Струмица бараше поткуп од бизнисмен во висина од речиси 200.000 евра за приватизација на земјиште. Како што вели Заев, во снимката која се појави во јавноста, исплатата на парите оди по принципот „Едно евро за Вицето, едно евро за црквата“. Заев е аболициран за случајот „Глобал“, за криминалот тежок 8,5 милиони евра.

Во медиумите наголемо се пишуваше и за матните зделки и тендери кои од општина Струмица ги добиваа фирмите на роднини или блиски луѓе до Зоран Заев. Според податоците објавени во медиумите, за една година фирмите на кланот Заеви заработиле 2 милиони евра.

Актуелниот градоначалник на Општина Куманово од СДСМ, Зоран Дамјановски – Циц во својот мандат запиша и по некоја кривична пријава. Полицијата му поднесе кривична пријава за злосторничко здружување со вработени во општината, судии, јавни правобранители, нотари и вработени во катастарот заради наводна вмешаност во издавање градежни дозволи.

Дамјановски беше споменат и како вмешан во скандалот со превоз на ученици на Куманово, а во врска со цената на истиот.

Претседателот на Советот на Општина Центар Мирослав Шиповиќ минатиот месец преку социјални мрежи го разобличи работењето на градоначлникот Андреј Жерновски. Шиповиќ информираше дека Жерновски се шетал на фудбалски натпревари низ Европа со општински пари. Шиповиќ тврдеше и дека корупцијата на Жерновски оди преку неговиот шофер, односно дека за маркица или изградба на граѓаните им се јавува шоферот.

Шиповиќ во изминатиот период го обвинуваше Жерновски за добиени 200 илјади евра за самостоен настап на локалните избори.

-Се зборува низ градов дека Ристо Пенов и Андреј Жерновски добиле од газда на градежна фирма 200.000 евра за самостоен настап на локалните избори, је*емга дали е вистина? Кој би знаел? Можеби ќе ни помогне фатот дека пред скоро време Општина Центар платила на градежната фирма 2.000.000 евра и тоа не можам да проверам, може да, може не, напиша Шиповиќ на Фејсбук.

Со ваква понуда од СДСМ, граѓаните гледаат тенденција за пренесување на генералните политики на власта на локално ниво: безброј лаги, понижувања кога се во прашање националните интереси и неспособност да се раководат институции.

Коментарите на граѓаните се дека очигледно СДСМ не ја научиле лекцијата и дека народот нема да си дозволи да бидат излажани по втор пат за толку кратко време од страна на Заев и неговите антидржавни и штетни политики кои сака да ги пренесе на локално ниво, заедно со криминалот и корупцијата кои се заштитен знак за градоначачлник на СДСМ.

Имињата кои Заев ги одбра да бидат кандидати на локалните избори за СДСМ значат само едно, велат граѓаните: СДСМ го очекува катастрофален пораз.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This