НИВНАТА РОМАНСА ТРАЕ 14 ГОДИНИ: Наскоро ќе им се случи трагичен крај

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нивната романса трае 14 години, но наскоро може да дојде до трагичен крај.

Рики и Лиза се заедно од детството, а се запознале во болница бидејќи и двајцата страдаат од иста болест.

Тие имаат тешка болест на дигестивниот систем и се единствен пар во светот кој се храни интравенозно.

На нивната 14 годишна романса наскоро може да и дојде крај бидејќи на Рики му е потребна итна трасплантација. Тој боледува од гастрошиза со која е роден, а станува збор за состојба во која доаѓа до откажување на органите во стомакот.

Тој до сега имал 66 големи и неколку стотини мали операции, а преживеал многу тешки компликации какви што немал никој кој е во таква состојба. Меѓутоа сега му е потребна трансплантација на црева за да може да преживее.

Му останале само уште две вени преку кои може да прима храна, но кога и тоа ќе престане да функционира тој може да умре.

“Секој ден е предизвик, но Лиза и јас успеваме да издржиме се бидејќи се имаме еден со друг. Ние еден на друг сме си медицинска сестра, како што сме сопруг и сопруга. Не знам како еден од нас ќе живее без другиот” кажува Рики.

Тој додава дека луѓето постојано го прашуваат како успева да биде позитивен, па кажува дека неговиот став секогаш бил “што биде нека биде”

“Не очекував дека ќе преживеам уште еден ден, а после 33 години сеуште сум тука, уште сум жив” кажува тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This