April 24, 2024, 10:22 am

НИ ЈА СВИТКА КИЧМАТА: Заев почна со откажување од сè што е македонско!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот премиер Зоран Заев започна со виткање на кичмата и откажување од сè што е македонско. По средбата со грчкиот колега Алексис Ципрас во Давос, Заев изјави дека ќе се преименуваат аеродромот и автопатот во нашата зема кои ги носат имињата „Александар Македонски“.

– За да покажеме дека сме посветени на наоѓање решение, Владата ќе го промени името на аеродромот и автопатот. Автопатот ќе се вика „Пријателство“, рече Заев.

Тој нагласи дека ова „сведочело за фактот дека немаме никакви територијални претензии кон нашиот сосед“.

-Остануваме посветени на преговарачкиот процес предводен од медијаторот на ОН Метју Нимиц. Ќе го кренеме нивото на преговори на министри за надворешни работи со нивните тимови. Ова ќе дозволи поголема динамика и суштина, рече Заев.

Зоран Заев уште во 2008 година од позицијата вд престедател на СДСМ даде изјава дека Македонија мора да ја свитка кичмата за да го реши проблемот со името.

–Она на што можеме да се согласиме е отстапница во делот на меѓународната употреба на името во сите меѓународни институции и мислам дека овде треба некојпат и да „свиткаме кичма“, како што знаат старите да кажат, истакна Заев.

27 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This