НОВА ВЕРЗИЈА НА НАЈУСПЕШНИОТ „БУЛПАП“: Стејр АУГ со нова везија – Стејр АУГ А3 М1

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една од најпознатите „булпап“ автоматски пушки АУГ (AUG значи Armee-Universal-Gewehr или во буквален превод „Армиска универзална пушка“), а истата се користи во најмалку 12 држави. AUG изобилува со последните пронајдоци во полимерната наука, одлична ергономија во платформа која вклучува револуционерни способности како селектор на режим на пукање во орозот, како и интегрална оптика.

Најновата верзија на Стејр АУГ, А3 М1, е произведена во новата фабрика на Стејр во Бесемер, Алабама и највеќе се разликува од стариот АУГ со новите можности за поставување на оптички нишани. АУГ А3 М1 ќе биде достапна со кратка Пикатини шина на врвот, долга 16-слотна шина или 1.5х/3.0х оптика интегрирана во рачката за носење.

Верзиите со оптика исто така ќе имаат шина на врвот за додавање на дополнителни аксесоари.

Steyr AUG A3 M1 Спецификации

Калибар: 5.56mm NATO
Должина на цевка: 16 инчи
Вкупна должина: 28.15 инчи
Тежина: 4 килограми (празна)
Кундак: Синтетичка
Нишан: 1.5X оптички
Акција: Полуавтоматска со клип
Финиш: OD green
Капацитет: 30+1
Цена: $2,499

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This