НОВИ ВОЈНИ И СУДИРИ ВО НАРЕДНИТЕ ПЕТ ГОДИНИ: Западните медиуми предвидуваат судири на ниво на Студена војна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во следните пет години ќе се зголеми ризикот од судир меѓу и внатре во државите, до нивоа какви не се видени од Студената војна, бидејќи се забавува глобалниот економски раст, се распаѓа поредокот од Втората светска војна , а антиглобализацијата го поттикнува национализмот, се наведува во денеска објавениот американски разузнавачки извештај.

Avion_NATO

 

-Овие тенденции ќе се здружат со брзина без преседан и управувањето и соработката ќе ги направат потешки, а природата на моќта ќе се измени – со што суштински ќе се измени и глобалната слика“, се предупредува во извештајот „Глобалните трендови: Парадокс на напредокот“, шесто во низа четиригодишни истражувања на американскиот Национален разузнавачки совет, пренесуваат британските медиуми.

Во заклучоците, што се објавени на помалку од две недели пред инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, се наведува дека факторите што ја обликуваат „мрачната и тешка блиска иднина“, ги вклучуваат посамопочитуваните Русија и Кина, регионалните судири, тероризмот, растечката нееднаквост во приходите, климатските промени и бавниот економски раст.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This