March 29, 2024, 12:20 am

НОВ ПОЖАР: Гори во Пехчево, во опасност голема површина на борова шума!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Попладнево избувна пожар кај месноста Ормане во Пехчево, покрај регионалниот пат Делчево-Пехчево, кој поради сувата трева и силниот ветар се заканува да уништи големи површини борова шума.

Според информацијата на директорот на Подружницата на ЈП „Македонски шуми“ во Пехчево, Борче Бојчевски, пожарот е пријавен околу 16:30 часот, а на теренот за гаснење се ангажирани сите вработени во Подружницата и ТППЕ од Берово.

– Ситуацијата е опасна, бидејќи се е суво, а дува силен ветар кој предизвикува пожарот да се шири со голема брзина. Во моментов сме ги ангажирале сите човечки ресурси од нашето претпријатие, како и од ТППЕ од Берово, за да се обидеме да го локализираме и да спречиме кататстрофа од поголеми размери, рече Бојчевски.

Димитар Букушовски, командир од ТППЕ Берово потенцираше дека противпожарни екипи се на терен и дека се уште не може да се каже со сигурност за колкава површина се работи.

– Ние правиме натчовечки напори, за да го пресретнеме пожарот, но ситуацијата е опасна и во овој момент не можеме да кажеме колкава површина е зафатена, но факт е дека гори борова шума и дека пожарот се шири доста брзо. Според првичните информации пожарот започнал од асфалтниот пат при што се проширил во шумата, истакна Букушовски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This