April 16, 2024, 11:17 pm

НОНЕ СЕ ВРАТИ ДОМА: Еве кого Ноне маскираше за Априлијада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Некогашната македонска пејачка, најпрошетаната велешанка Ноне Неделковска, се врати дома… Се разбира, привремено, на куса пауза до следната прекуокеанска тура. Во родниот Велес времето го користи да ги наполни батериите, да се види со пријателите, ама не ги пропушта ниту настаните и збиднувањата во градот, па така беше и за денот на шегата – Први април! Само што овој пат Ноне наместо себе си, маскираше некој друг!

Имено, велешката „џепна венера“ е позната како голем љубител на домашните миленичиња, кои со години ги чува. Мачки, кучиња, папагали… Едни си заминуваат, други доаѓаат и сите заедно со неа и нејзините домашни, живеат во совршена хармонија.

Први април и Априлијадата беа згодна прилика Ноне малку да се забавува на градскиот „бал под маски“! Ама таа реши, годинава од забавата и од својата маска да скуси и да ја маскира нејзината Луси!

Така, нејзината слатка, мала бела пудличка, ја дотера како да и помала сестричка или ќеркичка.

Убаво искапена и исчешлана, Луси беше променета во тексас елече со апликации со црешички, како ретко кое од кутрињата, а доби и црвено-бели машнички на ушињата.

Така наместо Ноне, нејзиното кученце, променето, дотерано и маскирано… заврши на првоаприлска парада… Луси на Априлијада! Уште да запееше, место да лае?! Ама, тогаш ептен ќе беше априлили-ли-ли!

vistina.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This