April 19, 2024, 11:38 pm

ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ЗАЕВ МАЛТРЕТИРА ЖЕНИ: Лице познато како партиско обезбедување од Битола, малтретира жени!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжува дрското, безобразно и нецивилизирано однесување на членовите на СДСМ. Овој пат удрија врз жените. Зоран Христовски активен член на СДСМ од Битола има пратено повеќе пораки со несоодветна и примитивна содржина на неколку жени.

Ова се случува во време кога кампањите за ненасилство и цивилизирачки однос спрема жените се во полн ек. Изгледа по доаѓањето на власт примитивното однесување на членовите на СДСМ доаѓа до израз. Се поставува прашањето дали СДСМ прави само лажна претстава дека се бори за правата на жените, а од друга страна нивните членови се однесуваат на крајно безобразен начин.

Христовски не е непознато име во Битола.Тој е познат како обезбедувач на партиски функционери на СДСМ но тој е исто така го знаат како насилник и рекетар во Битола.
Христовски е обвинет и му е поднесена кривична пријава од Основното Јавно обвинителство за кривично дело “Оштетување на туѓи предмети“ односно вандалско однесување спрема имотот на општина Битола како учесник на партиско-платеничката шарена револуција.

Имено Христовски од она што може да се забележи е сликан со речиси највисокиот врв на СДСМ. Го има на слики со премиерот Заев, со министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, а најмногу сака да другарува со новоназначениот директор на РЕК Битола, Васко Ковачевски.

Ова ли е животот за кој гласаа граѓаните на Битола и на Македонија. Ваквото владеење со рекетари и насилници е главна карактеристика на СДСМ и не враќа во едно време кое сите сакаме да го заборавиме.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This