ОВА Е ЛИСТАТА:Кои намирници ги сака вашиот црн дроб?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Исто така, тој ги разградува штетните материи, како што се алкохолот, лековите и нуспродуктите на метаболизмот. Затоа е многу важно црниот дроб да се одржува во добра форма. Еве листа од намирници кои ќе ви помогнат во тоа.

Маслиново масло

Истражувањата покажуваат дека консумирањето на маслиново масло може да помогне во намалувањето на маснотиите во црниот дроб, да го зголемат протокот на крвта и да го подобрат нивото на ензимите.

Јаткасти плодови

Консумацијата на јаткасти плодови се поврзува со подобрување на нивото на ензимите на црниот дроб кај луѓе кои боледуваат од неалкохолна мрсна болест на црниот дроб.

Сок од цвекло

Истражувањата направени со животни покажуваат дека сокот од цвекло го штити црниот дроб од оксидативни оштетувања и воспалленија.

Зелјести намирници

Брокулата и прокељот можат да влијаат на зголемување на нивото на детоксикациските ензими, помагаат во заштита на црниот дроб од оштетувања и го подобруваат нивото на ензимите на црниот дроб.

Грозје

Истражувањата покажуваат дека грозјето и екстрактот од семките од грозје штитат од оштетувања на црниот дроб, го зголемуваат нивото на антиоксиданси и се борат против воспаленија.

Боровници и брусници

Бобинките изобилуваат со антиоксиданси кои помагаат во заштита на црниот дроб од оштетувања. Исто така, тие можат да го подобрат системот за имунитет и антиоксидативниот одговор на црниот дроб.

Грејпфрут

Антиоксидансите од грејпфрут го штитат црниот дроб на тој начин што го намалуваат воспалението и ја зголемуваат активноста на заштитните механизми на црниот дроб.

Кафе

Кафето го зголемува нивото на антиоксиданси во црниот дроб ззаради што доаѓа до намалување на воспаленијата. Освен тоа, го намалува и ризикот од развој на болести на црниот дроб, карцином и замастен црн дроб.

Чај

Црниот и зелениот чај можат да го подобрат нивото на ензимите и маснотиите во црниот дроб.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This