April 24, 2024, 10:23 pm

ОВА Е НОВИОТ ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈА ЗА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ: Дарио Николовски, пие по спотови на турбофолк групи, со факултетот слабо, ама станал директор!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дарио Николовски, секретар општинскиот комитет на СДСМ во Гази Баба и координатор на советничката група на социјалдемократите во оваа скопска општина, е назначен за нов директор на Агенцијата за странски инвестиции.

Дарио доаѓа на местото на успешниот Виктор Мизо, кој во својот мандат во Македонија успеа да донесе десетици странски инвестиции кои вработуваат илјадници граѓани на Р.Македонија, зголемувајќи го извозот на државата речиси двојно.

Дарио Николовски од друга страна, може да се пофали со тоа што бил дел од спотот на турбофолк групата „Либеро бенд“, во која има улога да глуми разочаран млад човек, кој утехата ја наоѓа во чашка-две виски.

Сеуште е спорно дали истиот воопшто го има завршено и факултетот, но како учесник во платеничката револуција, очигледно дека постои долг кој партијата треба да му го исплати.

Таков беше и случајот со директорот на „Танец“ кој го замени бардот на Македонската традиционална музика Зоран Џорлев. Имено, Зоран Заев на местото на Џорлев постави столар, без искуство во културата и без завршено високо образование.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This