April 19, 2024, 12:49 am

ОВА Е ПОЛИЦАЕЦОТ АЦЕ КОЈ ПУКАШЕ ВО НАРОДОТ: Се соочува со казна затвор од три до 10 години, но и санкции во МВР поради прекршување на правилникот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Партискиот војник на СДСМ вработен во МВР, а кој се соочува со висока казна затвор поради тоа што извади пиштол и пукаше во плафонот по наредба на партиски челник во Собранието на Р.Македонија е Ацо Ангеловски. Истиот, беше вклучен во кампањата на Оливер Спасовски за изборите на 11-ти декемвриace_dzandarot_proliver

 

Ацо Ангеловски или Аце полицаецот, како што нагалено го нарекува неговиот партиски шеф Зоран Заев, вчера откако добил наредба од Зоран Заев пукаше во плафонот во Собранието, а од рикошетот на куршумот е повредено едно помладо лице кое беше пренесено во Градската болница каде му беа санирани полесните повреди.

За среќа, оваа провокција заврши со полесни повреди, а можеше да има и жртви.

Но планот на Заев бил да има жртви, за да се предизвика поголема провокација и дестабилизација, со што тој и неговите сценаристи слично како во 2001-та, но и како во Украина ќе предизвикаа граѓанска војна.

Ацо Ангеловски е инаку официјално обезбедување на Оливер Спасовски, кое го наследи како технички министер за внатрешни работи согласно Пржинскиот договор. Вработен е во МВР, функционира како партиски војник на СДСМ, и очигледно нема допирна точка со законот кој треба да го спроведува, имајќи предвид дека чекал наредба и барал дозвола од неговиот партиски шеф да пука во народот.

zakon

Ангеловски е соочен со казна затвор во траење од три дo 10 години, поради нелегално држење и употреба на огнено оружје. Дополнително, Ангеловски се соочува и со строги санцкии поради прекршување на правилникот за употреба на средства за присилба, имајќи во предвид дека против група на цивили кои немаат оружје не смее во ниту еден случај да се користи огнено оружје, дури ни како предупредување.

 

17 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This