ОВА СЕ ЧЛЕНОВИТЕ ОД ДОГОВОРОТ: „Ифимерида“ ги објави членовите од договорот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Отстранување на делот во македонскиот Устав за ,, заштита на македонското малцинство’’ надвор од границите на државата.

Транзициски период во кој ќе се менуваат внатрешните документи во Македонија, комплициран процес кој ќе биде поврзан со отворањето на нови поглавја во преговорите со Европската Унија.

Комитет кој ќе ги проучува трговските марки во двете земји

Македонскиот јазик е признат, со нотација дека Северна Македонија со овој договор прифаќа дека јазикот е од словенско потекло

Националноста Македонска/ ќе биде заменета со граѓанин на Северна Македонија, каде експлицитно ќе биде напишано дека граѓаните на државата не се поврзани со античката грчка цивилизација

Фази на имплементација

Ратификација на договорот во македонското Собрание (грчките медиуми споменуваат дека Заев го има потребното мнозинство)

Не потпишувањето на договорот од страна на Ѓорѓе Иванов и враќањето назад во Собранието

Писмо од грчката влада до ЕУ и НАТО во кое се бара старт на преговорите за влез на Северна Македонија во ЕУ и влез во НАТО, доколку уставните измени се направени.

Советот на министри за надворешни работи на ЕУ (25-26 Јуни) и самитот (28-29) ќе даде поддршка за старт на преговорите со ЕУ на Северна Македонија и покрај противењето на Франција и Холандија, со поддршка од страна на Германија.

Самитот на НАТО ( 11 Јули) ќе биде наречен самит за влез во НАТО на Северна Македонија.

Писмо од страна на владата на Заев до 190+ држави кои ја признале Република Македонија, да го користат името Северна Македонија (интересно е што се употребува во текстот Severna Makedonija без превод)во билатерални и интернационални релации.

Во периодот од јули до декември 2018 година владата на Заев ќе одржи референдум и ако резултатот е позитивен ќе продолжи со уставната ревизија, а ако пропадне референдумот постои план Б за одржување на парламентарни избори од референдумски карактер во Скопје.

Од како ќе се заврши целиот процес во Северна Македонија, договорот ќе стигне до грчкиот парламент каде ќе се ратификува и во исто време ќе биде ратификувана повелбата за влез на Северна Македонија во НАТО.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This