ОГРАБЕНА ЛАБАРАТОРИЈА: Украдени ваги, монитори и компјутер на Фармацевтскиот факултет во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера околу 13.45 часот во Полициската станица Центар, од Фармацевтски факултет при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“- Скопје било пријавено дека во периодот од 19.00 часот на 20.03.2018 до 07.00 часот на 21.03.2018 година, во лабораторија на факултетот непознат сторител извршил тешка кражба.

Сторителот со тврд предмет го скршил прозорецот, влегол внатре и одзел две лабораториски дигитални ваги, два ЛЦД монитора и компјутер, по што заминал во непознат правец. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 300.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This