April 19, 2024, 10:00 am

ОДЗЕМЕНО НАЈГОЛЕМОТО НАФТЕНО ПОЛЕ ОД РАЦЕТЕ НА ИСИС: Курдско-арапските сили нанесоа тежок удар на ИСИС!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сириските демократски сили под покровителство на САД објавија дека нивните единици ја повратиле полната контрола над нафтените полиња Омар во провинцијата Дејр ел Зор, кои се наоѓаа во рацете на терористичката организација ИСИС


Сириските демократски сили претставуваат алијанса помеѓу курдските одреди на народната самоодбрана, различни арапски опозициони групи кои се во состав на Сириската арапска коалиција, како и поединечни асириски, ерменски и туркменистански единици.

Како што се наведува на официјалниот сајт на СДС, најголемите борби се воделе на оддалеченост од три километри од нафтеното поле, кое се смета за едно од најголемите во регионот.

На крајот на септември, претставникот на Сириските гасни компании во Дејр ел Зор Амин Хамид за Спутник изјавил дека терористите на ИСИС контролирале речиси 80% нафтени олиња и поголеми резерви на гас во сириската провниција Дејр ел Зор.

Инаку, терористите контролата над тие постројки ја превземаа уште во април 2014. година.

Истовремено се наведува и дека сириската војска исто така изведува воени операции во провинцијата, а минатиот месец владините сили успеале да го освојат Дејр ел Зор од терористите на ИСИС по немилосрдната тригодишна блокада, кои некои ја нарекуваа сириска „опсада на Ленинград“.

Победата ја овозможи обновата на патниот сообраќај помеѓу Палмира и Дејр ел Зор, а потоа и доаѓањто на хуманитарните конвои во таа област.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This