ОД НИВ ТРЕПЕРАТ НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Хиперсоничните ракети „Кинжал“ прелетаа над Црвениот плоштад во Москва

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хиперсоничната ракета „Кинжал“ е наменета за борба против најголемите површински бродови кои прстенесто се бранети со голем број противвоздушни борбени средства. Неа не можат да ја уловат ни противничките ракети, ни противничките авиони. Од неа едноставно нема одбрана и како таква претставува нерешлив „ребус“ во евентуален судир со конвенционални борбени средства.
На крајот на големата воена парада по повод Денот на победата во Москва беше прикажано најмодерното ракетно вооружување од класата „воздух-земја“ кое во моментов се произведува во светот. Се разбира, се работи за противбродските ракети „Кинжал“ кои се одликуваат со фрапантни технички карактеристики кога е во прашање брзината на летот. Имено, оваа ракета може да достигне брзина која е 10 пати поголема од брзината на звукот (3,400 м/сек.) и која физички е невозможно да биде соборена со современите системи за ПВО.

Овие ракети се наменети за уништување на големите непријателски бродови како што се носачите на авиони. Благодарение на својата променлива траекторија, како и големиот дострел (ракетата „Кинжал“ има дострел од 2000 км), таа спаѓа во исклучително опасните напаѓачки средства од кои нема одбрана.

Освен конвенционална боева глава, оваа ракета може да носи и нуклеарна боева глава. Платформа за нејзино носење е модернизираниот ловец-пресретнувач МиГ-31К кој има способност при голема брзина (3,000 км/ч+) да ја лансира оваа ракета, со што значително се зголемуваат нејзините тактичко-технички параметри.

RussiaBeyond

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This