ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ДА СИ ГИ ПРИБЕРЕ ДИВЈАЦИТЕ: Дивјаците вработени во МВР малтретираат кандидати и предизвикуваат инциденти!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не зборуваме за инцидент, туку зборуваме за серија на инцидентни активности на припадниците на МВР, кои барем така се претставуваат овде на терен, некои дури и со возила со бугарски таблички, меѓутоа со ротациони светла и со полициски значки, вели претседателот на Демократската партија ан Србите, Иван Стоилковиќ по вечерашниот инцидент во Старо Нагоричане.

-Веќе неколку дена по ред, после нападот на седиштето на нашата партија, овде на терен се случуваат мошне сериозни изборни нерегуларности, затоа што на пример денеска е задржан скоро еден час, претседател на нашата општинска органзиација, Спаси Драган. Бидејќи во возилотo не е најдено ништо освен пропаганден материјал што тој како кандидат на советник на листата на коалицијата „ЗА подобра Македонија“, во разговорот му е предочено дека треба да престане со политичките активности, да престане со агитација на терен, затоа што „знае тој што ќе го снајде“, вели Стоилковиќ.

Тој додава дека полициските службеници ги заплашуваат припадниците на нивната младинска органзиација и не им дозволуваат да лепат предизборни постери, да делат предизборен материјал. Дури полициските службеници, неидентификувани, им порачуваат на младите, „порачајте му на тој Стоилковиќ да го нема тука“.

-Јас им порачувам на сите нив, пред се на министерот за полиција, да си ги прибере дивјаците кои овдека се појавуваат на терен, да си воспостави контрола врз МВР. Ние ќе си ја продолжиме нашата работа. Ќе ја известиме целокупната меѓународна јавност. Ќе побараме и меѓународна заштита. МВР длабоко ги има пречекорено своите овластувања и има навлезено во изборен криминал. Да не заборават, ги потсетувам дека изборниот криминал сериозно се санкционира. Им порачувам да се повлечат на терен и нормално да си ги вршат своите активности, да не малтретираат нормални луѓе, гласачи, активисти и членови на ДПС и да овозможат слободен изборен приоцес, тоа е и пораката до меѓународната заедница, вели Стоилковиќ.

Според него, тоа што Спасовски го зборува за фер и демократски избори, овде во реалноста тоа не се реалзиира, а министерот е најдоговорен за тоа што се случува таму.

-Од утре јас тука сум секојдневно и секојдневно ќе ги покривам активностите на сите членови и симпатизери на ДПС и баш да ги видам припадниците на МВР со бугарски таблички и со ротациони светла кого ќе малтретираат и кого ќе приведуваат во мое присуство, заклучува лидерот на ДПС.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This