ОЛИВЕР СПАСОВСКИ И САШО ПОЦКОВ ИЗГОРЕА 20 КУБИЦИ ДРВА: И покрај најавите на МВР за казнување на организаторите, Спасовски си запали оган за Коледе!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Забраната за палење на коледарските огнови не важеше и за учесниците во власта, кои вчера учествуваа и во организацијата на – како што ги нарекуваат – Коледарските хепенинзи

 

Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков вчера присуствувал на Коледарскиот „хепенинг“ во организација на локалната организација на младинскиот клуб на СДС во Гевгелија. Од фотографиите може да се забележи дека и покрај апелите дрвата да се донираат на лица од социјално ранливи групи, Поцков и СДС за „хепенингот“ изгореле поголема количина на огрев.

Освен градоначалникот на Гевгелија, на огнот присутен беше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој „угодно ги поздравил“ присутните. 

Инаку, МВР претходно објави дека полицијата на терен ќе казнува за време на Коледарската вечер поради палење на оган на отворено. Сеуште не е познато дали и Спасовски заработил прекршочна пријава.

 

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This