April 25, 2024, 12:21 am

Опасна полова болест се шири меѓу младите во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Младите, во Македонија слично на светските трендови се порано почнуваат со сексуални односи. Понесени од глобализацијата и интернетот каде гледаат многу нови работи побрзо сексуално созреваат. Тоа сепак не ги прави зрели за да бидат свесни и да се заштитат од многу опасни болести кои се пренесуваат сексуално.Некои од нив покажуваат симптоми и веднаш ќе знаете дека треба да посетите гинеколог, но има и такви кои може да не покажуваат никакви симптоми.

Кламидијата е најчестата сексуално пренослива инфекција (СПИ) предизвикана од бактеријата, Chlamydia trachomatis, која може да ги оштети репродуктивните органи на жената. Најчесто симптомите од кламидија инфекцијата се благи или отсутни, а сериозните компликации предизвикуваат тешки ошетувања, вклучувајќи го инфертилитетот, кој може да се случи „тивко” пред да се препознае проблемот кај жената.

Симптоми кај жените :
– Абнормални вагинални исцедоци, кои може непријатно да мирисаат
– Крвавење помеѓу два менструални циклуси
– Стомачна болка со треска
– Болка при сексуален чин
– Чешање или топлина околу вагината
– Болка при мокрење

Симптоми кај мажите :
– Исцедок
– Болно мокрење
– Чешање или топлина околу пенисот

Како се добива кламидија инфекцијата?
Инфекцијата се пренесува за време на вагинален, анален или орален секс. Кламидијата може да помине од инфицирана мајка на нејзиното дете за време на вагиналното породување. Секоја сексуално активна индивидуа може да биде инфицирана со кламидија. Поголемиот број на сексуални партнери го зголемува ризикот од инфекцијата.

Што се случува ако кламидијата не се третира навреме?
Ако жените не ја третираат оваа болест навреме, инфекцијата може да предизвика воспаление, што може да доведе до оштетување на фалопиевите туби (кои ја поврзуваат матката со јајчниците), па дури и да предизвика неплодност. Исто така, може да го зголеми ризикот од вонматерична бременост (кога оплодената јајце клетка се развива надвор од матката.) Понатаму, кламидијата може да предизвика предвремено раѓање, како и можност од појава на инфекција на очите кај бебето, слепило или пневмонија.

Доколку мажите не побараат решение за кламидијата, кај нив може да се јават инфекции на мочните канали.

Третман и лекување
Во третманот на оваа инфекција најчесто се употребуваат орални антибиотици. Вашиот лекар ќе ви препорача и вашиот партнер да се третира за да се спречи реинфекција и понатамошното ширење на инфекцијата. Со третман инфекцијата треба да се спречи за околу една до две недели. Важно е да се заврши целосната терапија со сите антибиотици дури и ако се чувствувате подобро.
Се препорачува да стагнирате со сексуални односи сé додека не сте сигурни дека и вие и вашиот партнер ја немате болеста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This