- Advertisement -
Ќ.Ц.(55) од струшкото село Октиси ноќеска во 2.30 часот во Полициска станица Струга пријавил дека околу 1 часот било опожарено неговото патничко моторно возило „форд фокус“, кое било паркирано во подрумските простории.
Противпожарната единица Струга го изгаснала пожарот.
Извршен е увид на местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.